Шок во Торино: Ѕвездата на Јувентус се фати за градите, лекарите веднаш дојдоа да помогнат


Војчех Шчесни, голманот на Јувентус, ги загрижи сите на натпреварот од Лига Европа против Спортинг.

Фудбалерите на Јувентус со минимален резултат го совладаа Спортинг во првиот четвртфинален натпревар од Лига Европа, но се стана неважно во моментот кога Војчех Шчесни го напушти теренот во солзи, држејќи се за градите.

Во 41. минута од натпреварот ѕвездата на тимот од Торино почувствува дека нешто не е во ред. Ги стегна градите, почувствува дека чукањето на срцето не е нормално и се расплака. Тоа ги загрижи неговите соиграчи, кои веднаш го повикаа лекарскиот тим на помош.

Откако соиграчите и лекарите го смирија, полскиот голман го напушти теренот, а на стадионот брзо направи дополнителни тестови. Зголемен пулс и отежнато дишење за голманот на Јувентус, но резултатот од електрокардиограмот бил негативен.

Тестовите, значи, покажаа дека, за среќа, се е во ред, но не ништо не смееше да се препушти на случајноста. Полскиот голман денеска ќе изврши дополнителни проверки за да утврди што точно се случило.

„Бев загрижен, не можев да дишам, но сега се е во ред. Тестовите потврдија дека нема проблем“, изјави Шчесни по мечот.