Медведев го победи Зверев и се пласира во четвртфиналето на Монте Карло


Монте Карло- Медведев се пласира во четвртфиналето на мастерс-турнирот во Монте Карло, откако синоќа по голема борба го совлада Александер Зверев (3-6, 7-5, 7-6) во меч кој предизвика голема контроверза со оглед на однесувањето на рускиот тенисер кон публиката.

Тој ептен емотивно ги преживуваше моментите на пресвртот, како и поените во тајбрејкот во решавачкиот сет.

„Извини што се однесував како го*но“, беа зборовите на Медведев кон Зверев при ладното ракување по завршувањето на мечот во кое двајцата речиси и да не се погледнаа во очи.

Присутните на трибините постојано навиваа против Русинот поради неговата националност и руската инвазија врз Украина, што придонесе Медведев да влегува во отворена кавга со нив.