Рубљев со пресврт го совлада Руне и го освои трофејот во Монте Карло


Рускиот тенисер Андреј Рубљев го освои трофејот во Монте Карло, откако во финалето го совлада Холгер Руне со 2:1 во сетови (5:7, 6:2 и 7:5).

Норвежанецот направи брејк во шестиот гем за водство од 4:2, по што Рубљев во следниот гем врати со иста мера и потоа израмни на 4:4. Сепак, Руне беше подобар во 12. гем кога ја искористи првата брејк топка и го доби сетот со 7:5.

Рубљев играше поагресивно во вториот сет и со дури три брејка стигна до 6:2 со што израмни на 1:1 во сетови, по што победникот мораше да се решава во трет сет.

Руне имаше подобар почеток и со брејк стигна до водство од 3:0, но како минуваше времето, така Русинот се будеше и најпрво израмни на 4:4, по што со уште еден брејк направи пресврт за триумф од 7:5.