Интер прв пат загуби три последователни средби на домашен терен во Серија А


 Поранешниот италијански шампион, Интер синоќа загуби на домашен терен од Монца (0:1) во 30. коло од  Серија А.

Претходно во првенството, миланезите загубија на домашен терен од Јувентус и од Фиорентина  со ист резултат.

Така Интер за првпат во историјата доживеа три последователни порази со „сува мрежс“ дома во Серија А.

Избраниците на Симоне Инзаги моментално се наоѓаат на 5. место на табелата.