Адеми дебитираше во Кина, избори пенал за реми


Репрезентативецот на Македонија и доскорешен играч на загребски Динамо, Аријан Адеми, дебитираше за својот нов клуб во Кина, Пекинг Гуан во ремито 1:1 против Меижоу Хака.

По долги 13 години минати во Динамо, Аријан Адеми на 31-годишна возраст реши да се впушти во својата прва авантура во странство.

Со години се шпекулираше за заминување на капитенот на сините, се очекуваше трансфер, но на крајот Адеми реши да си ја обезбеди егзистенцијата во Кина.

Викендов стартуваше кинеската Суперлига, а Пекинг Гуан на Адеми ремизираше 1:1 на домашен терен против Меижу Хака.

Гостите поведоа со 1:0 во 19. минута со голот на Чугуји Је, а конечните 1:1 ги постави Ксиже Жанг од пенал за кој се избори токму Адеми.

Адеми ги помина сите 90 минути на теренот, а Холанѓанецот на клупата на Пекинг, Стенли Менцо, реши да го искористи Адеми како напаѓач во својот прв официјален настап.