МЗТ ја совлада Цибона во неверојатен меч


Кошаркарите на МЗТ славеа над 87:74 (19:21, 22:32, 30:5, 16:16) во последното коло од АБА лигата, а сега чекаат пораз на Борац за да ги продолжат надежите за опстанок.

Екипата на МЗТ одигра неверојатна трета четвртина, во која ја обезбеди победата. МЗТ во првиот дел не можеше да ѝ парира на Цибона. Гостите од Загреб, на полувреме, заминаа со предност од 12 поени.

МЗТ, предводен од Кефи, третиот дел го започна со серија 14:0, а до крајот на четвртината играчите на Драган Николиќ постигнаа уште 16, а примија само пет поени. 

Во последната четвртина МЗТ без поголеми проблеми го сочуваа водството.

Кефи со 19 поени го предводеше МЗТ, а двоцифрени беа и Бурсаќ 17, Кук 15 и Војдан Сотјановски 14 поени.