Атлетик: Барселона во трка со Реал за потписот на Родри


Барселона е заинтересирана да го потпише играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, според Атлетик. Каталонците одржале прелиминарни разговори со претставниците на 30-годишниот Шпанец. Изданието тврди дека трансферот во Барселона е привлечен за Родри поради неговиот стил на игра и потенцијалната леснотија на адаптација. Интересот на Барселона за играчот од средниот ред на Сити […]

Инфантино се извини, но останува на чело на ФИФА и покрај критиките


Џани Инфантино се извини за „грешките“ што ги направи во врска со контроверзните планови за продажба на удели во натпреварите на приватни инвеститори. И покрај тоа, тој останува на чело на ФИФА, откако на состанокот во Мароко ја доби поддршката од врвот на организацијата. Инфантино во средата ги повика членовите на одборот во канцеларијата на […]

Салах пристигна во Трабзон пречекан од илјадници симпатизери


Трабзон – По девет години минати во Ливерпул, репрезентативецот на Египет Мохамед Салах во новата сезона ќе настапува во турската екипа Трабзон. Тој  вчера најпрво пристигна во Истанбул, а во вечерните часови и во Трабзон каде беше пречекан од илјадници симпатизери на овој клуб. Тој веднаш го имаше и своето прво обраќање пред аеродромот во […]

Модриќ и Џеко градат луксузен комплекс на Јадранот


  Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ и капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, ќе градат хотел заедно на Јадранското Море. Тоа ќе биде уникатен проект што ретко се гледа на Балканот. На јадранскиот брег, недалеку од Неум и во близина на границата со Хрватска, планирана е изградба на луксузен туристички комплекс „Tri sestrice“, чија вредност […]

Рашфорд се враќа во Манчестер Јунајтед


 Маркус Рашфорд е пред враќање во редовите на Манчестер Јунајтед. Англичанецот во летото 2025 година беше претставен како засилување во Барселона и одигра солидна сезона (11 голови и 14 асистенции) во редовите на каталонскиот клуб и кога се очекуваше да потпише договор, сега најреално е негово враќање на „Олд трафорд“. Барселона имаше можност да го […]

Инфантино свика кризен состанок на ФИФА во Мароко за да го спаси своето место


Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, свика кризен состанок со високи функционери во Мароко за да ја спаси својата позиција по целосниот колапс на планот за продажба на комерцијални права за Светското првенство. Само седум месеци пред изборите во март, на кои се очекуваше да обезбеди четврти мандат, Инфантино се соочува со невиден бран критики и […]

Алкараз нема да игра во Синсинати


Синсинати – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати. Дваесет и тригодишниот Шпанец го освои турнирот минатата година. – Му посакуваме на нашиот шампион од 2025 година се најдобро за време на неговото закрепнување. Со нетрпение го очекуваме вашето враќање следната година – објави прес-службата на турнирот. Алкараз има 26 титули […]

Американските градови домаќини на СП 2026 ги бараат ветените исплати од ФИФА


Вашингтон – Неколку американски градови кои беа домаќини на натпреварите на Светското првенство во 2026 година бараат ФИФА да ги исплати ветените средства, објавува „The Athletic“. Раководството на ФИФА постојано ги уверувало градските претставници дека секој ќе добие по еден милион долари. Средствата требало да се користат за развој на фудбалската инфраструктура и спроведување социјални проекти, […]

Турска сензација на повидок: Салах се согласи на трансфер во Трабзон, плата 22 милиони евра


Трабзон – Турскиот фудбалски гигант Трабзонспор е на прагот да реализира еден од најзвучните трансфери во својата клупска историја. Раководството на клубот официјално потврди дека се започнати напредни преговори за ангажман на легендарниот египетски напаѓач, Мохамед Салах. Триесет и четиригодишниот фудбалер се наоѓа во завршни разговори за преселба во турската Суперлига како слободен агент, откако […]

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид


Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, кој долги години играше за Барселона, донираше 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот Мадрид, кое беше тешко погодено од неодамнешните големи шумски пожари, објавија вечерва регионални власти. Претседателката на регионот Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо му се заблагодари на Меси преку социјалните мрежи, истакнувајќи оти […]

Лајпциг го врати на голот Норвежанецот Ниланд


Бундеслигашот Лајпциг го врати денеска во своите редови голманот на норвешката репрезентација Орјан Ниланд, потпишувајќи договор до 2028 година. Триесетипетгодишниот норвешки голман се враќа во Лајпциг, каде што настапуваше во сезоната 2022/23, без обесштетување, откако неговиот договор со Севиља истече на крајот на јуни. Ниланд стана национален херој за време на историскиот пат на Норвешка […]

Салах во Трабзонспор?


Египетското крило Мохамед Салах потпиша двегодишен договор со турски Трабзонспор, тврдат повеќе турски извори. Фудбалерот на Ливерпул до неодамна ќе заработува 17 милиони евра годишно, а платата со бонуси може да оди и до 22 милиони. Салах ќе добие и 20 отсто од продажбата на дресови со неговото име.

Формиран женски фудбалски клуб Пелистер – Битола


Македонскиот женски клупски фудбал е збогатен со ново име, откако денеска официјално е објавен почеток на функционирањето на женскиот фудбалски клуб ЖФК Пелистер – Битола кој во претстојната сезона ќе настапува и во прволигашката конкуренција. „Со формирањето на ЖФК Пелистер, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето семејство со цел да […]

Сеп Блатер открива кого сака на чело на ФИФА: „Време е за жена“


Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер (90), ја изрази својата поддршка за Лиза Клавенес, претседателка на Норвешката фудбалска асоцијација, на социјалната мрежа X. Блатер верува дека таа е вистинската личност за водечката позиција во светската фудбалска организација. „Лиза Клавенес заслужува највисоко можно почитување. Таа беше единствената која секогаш имаше јасен став и одбиваше да ја […]

Де Брујне останува во Наполи


Белгискиот репрезентативен играч од средниот ред, Кевин Де Брујне ќе остане во Наполи за сезоната 2026/27, објави новинарот Саша Таволиери на социјалната мрежа Икс. Според Таволиери, 35-годишниот Белгиец, по разговорот со своето семејство, одлучил да не го менува клубот и ќе продолжи да игра за клубот од Наполи. Медиумите претходно објавија интерес за фудбалерот од […]

Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува


Со претстојното учество на XX Медитерански игри во Таранто, Македонија по четврти пат ќе биде дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во медитеранскиот регион. Во изминатите три настапи како независна држава, македонските спортисти создадоа низа успешни спортски приказни, стекнаа драгоцено меѓународно искуство и освоија медали кои се потврда за нивната посветеност, работа и развојот […]

Тер Штеген во Ајакс на позајмица од Барселона


Ајакс ја засили голманската позиција за следната сезона со голманот Марк-Андре тер Штеген од Барселона. Тој во Амстердам доаѓа како позајмен играч за сезоната 2026/27. Претходно, новинарот Фабрицио Романо објави дека Ајакс ќе има обврска да плаќа поголем дел од платата на 34-годишниот Германец. – Марк има извонредна кариера, а неговите квалитети се широко признати. […]

Реал му нуди на Винисиус договор со 22 милиони евра годишна плата


Мадрид – Реал Мадрид му понуди на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор нов договор вреден 22 милиони евра годишно, објави „ESPN“. Сепак, 26-годишниот Бразилец сака повеќе – околу 30 милиони евра годишно. Тој верува дека ова ќе биде неговиот последен голем договор и е уверен дека заслужува плата соодветна на неговиот придонес во успехот на клубот. Винисиус […]

Џани Инфантино бара помош од Трамп за да ја спаси функцијата


  Според „Њујорк пост“, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се обидува да ја обезбеди поддршката од администрацијата на Доналд Трамп за да ја зачува својата позиција. Инфантино наводно договорил приватна средба со американскиот државен секретар, Марко Рубио, во време кога е под зголемен притисок да ја напушти функцијата по пропаѓањето на идејата за продажба на […]

Новак Ѓоковиќ предложи ново правило во тенисот


  Потенцијалната промена на правилата е честа тема во светот на тенисот, а сега доби свое продолжување. Имено, Новак Ѓоковиќ верува дека системот за бодување треба да биде различен. Инфлуенсерот Ник Кутракос го праша Ѓоковиќ какво е неговото контроверзно мислење за тенисот дека е подготвен да се брани до смрт, а српскиот тенисер му одговори […]