Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри


Борачите донесоа три медали за Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026.

Попладнево иако имавме двајца финалисти, сепак златото беше недостижно, па епилогот е две сребра и бронза.

Во првата финална борба во категоријата до 74 килограми настапи Фати Вејсели. Тој за противник го имаше албанскиот натурализиран репрезентативец, Ислам Дудаев кој ја доби борбата со 0-4.

Во втората борба во категоријата 86 килограми Ахмад Магомедов ја освои бронза. Тој го победи Италијанецот, Габриеле Николини, со технички туш (10-0).

Реџеп Хајдари се бореше за златото во категоријата до 97 килограми.

Во финалето тој беше поразен од Даурен Куруглиев кој настапува под грчко знаме со 6-0, па Хајдари како и Вејсели мораше да се задоволи со среброто.