Хрватскиот голман Ливаковиќ потпиша за Барселона
Барселона – Голманот на хрватската фудбалска репрезентација Доминик Ливаковиќ потпиша денеска договор со шпанскиот гигант Барселона до лето 2030 година.
„Уште поголема безбедност меѓу стативите. Добредојде, Ливаковиќ“, напиша Барселона на социјалните мрежи, илустрирајќи ја објавата со фотографија од нивниот нов голман на која пишува „Подготвен кога е потребно“.
Ливаковиќ стана првиот хрватски голман кој ќе настапува за Барселона, а вредноста на трансферот изнесува два милиони евра.
За 31-годишниот хрватски голман ова е најголемиот клупски трансфер во неговата кариера во која претходно настапуваше за Загреб, Динамо и Фенербахче.