Сирики Дијабате нов фудбалер на Вардар
Македонскиот фудбалски шампион Вардар има нов играч во своите редови. Станува збор за Сирики Дијабате.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има 23 години и настапува на позицијата централен дефанзивец.
Дијабате е висок 192 сантиметри и ќе биде нова опција во одбранбената линија на црвено-црните.
Претходно се дозна дека стоперот на Вардар, Дарко Велковски ги напушти „црвено-црните“ прифаќајќи ја понудата од Ал-Калдија од Бахреин.