МИ2026: Јанев поразен на тенискиот турнир
Македонскиот тенисер Кристијан Јанев го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто, откако попладнево загуби во рамки на второто коло од Андреас Кимини од Кипар со 2-0 во сетови.
Осумнаесетгодишниот македонски Дејвис куп репрезентативец во дуелот со неговиот две години повозрасен противник освои по два гема во двата сета
Јанев вечерва од 20:30 часот ќе настапи во мешани двојки заедно со Сара Митевска, а за противник ќе ја имаат искусната кипарска комбинација Ралука Шербан и Елефтериос Неос.