Алварез одбива да тренира со Атлетико Мадрид


Хулијан Алварез (26) ја известил управата на Атлетико Мадрид дека престанува да тренира со тимот. Аргентинскиот напаѓач ја донел одлуката откако во понеделникот не успеал да разговара со тренерот Диего Симеоне за трансферот што го бара, објави Мундо Депортиво. Алварез сè уште инсистира да оди во Барселона, желба што првпат јавно ја изрази за време […]

Пријави се до 27 август и добиј официјална маица во стартниот пакет на Виз Ер Скопски маратон


Секоја голема промена започнува со еден чекор. Одлуката да започнеш да трчаш, да поставиш нова цел или едноставно да направиш нешто добро за себе може да биде почеток на патување кое ќе те промени. Токму таква можност носи Виз Ер Скопски маратон 2026, кој ќе се одржи на 4 октомври 2026 година, а пријавувањето е […]

Меси ќе паузира од фудбалот


Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, одлучи да направи пауза од играњето по загубата на неговиот татко, Хорхе Меси, објави „DobleAmarilla“. Триесет и деветгодишниот Аргентинец ќе остане во Аргентина за да даде поддршка на неговото семејство. Неговото враќање во САД сè уште не е утврдено. Откако дозна за смртта на неговиот татко, Меси ги прекина […]

Трамп: Ако го  смените Инфантино, Светското првенство никогаш повеќе нема да биде толку успешно


Претседателот на САД, Доналд Трамп, го бранеше шефот на ФИФА, Џани Инфантино, велејќи дека неговото отстранување би било „страшна грешка“. Позицијата на Инфантино е доведена во прашање откако неговиот план да продаде удел во Светското првенство на приватни инвеститори пропадна. Трамп се огласи на својата социјална мрежа Truth Social за да каже дека отстранувањето на […]

ПСЖ тргна по Феран Торес, Барселона ја одби понудата


Европскиот првак ПСЖ планира во летниот преоден рок да донесе нови фудбалери, а еден од нив е јунакот на Шпанија Феран Торес. Фудбалерот на Барселона го постигна решавачкиот гол во финалето на Светското првенство против Аргентина. ПСЖ испратил официјална понуда до Барселона во висина од 50 милиони евра, но Барселона побара повеќе пари. Торес, кој […]

Бомба од Островот: Џеф Безос станува сосопственик на Ливерпул


  Еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, сопственик на Амазон, наскоро треба да стане еден од сопствениците на Ливерпул, англискиот фудбалски гигант, објави денес Скај Спортс. Гласините за ова започнаа пред неколку недели, но денес Скај Спортс носи ексклузивни информации дека договорот за купување на третина од акциите на сопственикот во Ливерпул е […]

Земјотрес во светскиот фудбал: УЕФА и лидерите на азиската и северноамериканската асоцијација се здружија против Инфантино и ФИФА


Притисокот врз ФИФА и претседателот Џани Инфантино дополнително се засили. Европската фудбалска организација (УЕФА) доби поддршка од Азиските (АФЦ) и Северно-американските (КОНКАКАФ) конфедерации во нивниот спор со светскиот фудбалски лидер. Трите организации објавија заедничка изјава во која ја критикуваат работата на Инфантино. Овој потег доаѓа откако УЕФА минатата недела потврди дека продолжува со бојкотот на […]

Мареска: Родри ќе се приклучи на Манчестер сити на 14 август


Тренерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, објави дека играчот од средниот ред Родри наскоро ќе се приклучи на тимот. Според медиумските извештаи од Англија, капитенот на Шпанија одбил трансфер во Реал Мадрид, наведувајќи ја својата желба да се приклучи на Барселона. – Родри ќе ни се придружи на 14 август. Нема нови вести. Засега, тој […]

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем


Бирмингем – Во Бирмингем утре стартува 27. Европско првенство во атлетика на кое маратонецот Дарио Ивановски ќе биде единствен македонски натпреварувач. Маратонската трка на програмата е на 16 август со почеток во 8:10 часот по македонско време. На трката ќе настапат 64 маратонци, а Ивановски е рангиран на 36. место и обезбедена норма со одличните резултати. […]

Серхи Роберто нов фудбалер на ЛА Галакси


Лос Анџелес– Шпанскиот трофеен фудбалер Серхи Роберто е нов играч на ЛА Галакси, објави синоќа клубот од Лос Анџелес. Роберто се пресели во МЛС лигашот од Лос Анџелес без обесштетување од Комо и потпиша договор до јуни 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. „Серхи носи лидерски вештини, врвен технички […]

Алмада најскап фудбалер во историјата на аргентинската лига


Буенос Аирес – Аргентинскиот 25-годишен репрезентативец од средниот ред, Тијаго Алмада (25), стана најскапиот играч во историјата на аргентинската фудбалската лига откако ѝ се приклучи на Ривер Плата од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 20 милиони евра. Трансферот на Алмада, кој беше дел од аргентинската репрезентација на двете последни светски првенства, го собори ланскиот рекорден […]

Арсенал го потврди доаѓањето на Гимараеш


Англискиот фудбалски првак Арсенал официјално го објави денеска комплетирањето на трансферот на бразилскиот репрезентативец од средниот ред Бруно Гимараеш, кој ги напушти редовите на Њукасл и потпиша четиригодишен договор со лондонскиот клуб. Според англиските медиуми, Арсенал платил 87 милиони евра за да ги обезбеди услугите на 28-годишниот Бразилец, кој имаше четири асистенции на неодамнешното Светско […]

Македонските кошаркарки ја совладаа Норвешка за прв триумф на ЕП во Б дивизијата


 Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација ја совлада попладнево Норвешка со 67-41 и ја забележа првата победа на Европското првенство во Б дивизијата што се одржува во романскиот град Тулчеа. По несреќниот пораз од Азербејџан во минатото коло, македонските кошаркарки силно мотивирани влегоа во денешниот натпревар, наметнувајќи висок ритам и по првата четвртина стекнаа огромна предност […]

Почина таткото на Лео Меси, му беше столб во животот и кариерата


Хорхе Меси, таткото на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, почина синоќа на 68-годишна возраст. Аргентинските медиуми објавија дека Хорхе Меси починал во болница во Росарио по борбата со ракот. Таткото на Меси беше тешко болен неколку години, а самиот Лионел истакна за време на Светското првенство дека Хорхе е во сериозна состојба. Хорхе одигра голема […]

Барселона го откажа пријателскиот натпревар во Мароко


Актуелниот шпански првак Барселона го откажа пријателскиот натпревар против мароканскиот клуб Етихад поради актуелната криза на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута. Барселона требаше да одигра контролен натпревар против Етихад на 15 август во северозападниот дел на Мароко како дел од подготовките за новата сезона, но шпанскиот клуб одлучи да ја откаже посетата. „Со […]

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез наводно ќе се венчаат денес: Откриено каде ќе слават


Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез планираат свадба во Мадеира овој викенд, а медиумите известуваат дека прославата ќе се одржи во луксузниот хотел Савој Палас во Фуншал. Парот, кој е заедно од 2016 година, наводно ќе ги разменуваат своите брачни завети во катедралата во Фуншал, а потоа ќе ја продолжат прославата во хотелот Савој Палас, една […]

Манчестер Сити ќе ја отфрли понудата на ФК Барселона откако Родри се согласи со условите


Манчестер Сити ќе ја отфрли првата понуда на ФК Барселона за Родри откако играчот се согласи со личните услови со Каталонците, според Фабрицио Романо и други медиуми, пренесе Форбс. Спорт објави дека првичниот предлог е 45 милиони евра во фиксна сума плус дополнителни 15 милиони евра во додатоци, што исто така објасни Сер. Подоцна во […]

Младите ракометари обезбедија настап на Светското првенство


Младата ракометна репрезентација на Македонија до 18 години го продолжува успешниот настап на Европското првенство во Белград. Македонските кадети ја забележаа третата победа на турнирот, откако во натпреварот за пласман од 9. до 16. место ги совладаа Фарските Острови со 34-32. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски одиграа сигурно прво полувреме и уште од почетокот го […]

Се бараат волонтери за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028


Подготовките за Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 веќе започнуваат, а организаторите го отвораат патот за сите кои сакаат да бидат дел од ова глобално спортско случување. Македонскиот олимписки комитет ги информира сите заинтересирани дека се отворени апликациите за волонтери за LA28. Волонтерите ќе бидат важен дел од тимот кој работи зад сцената […]

Тиаго Меси потпишува за Барселона


Славје во Каталонија. Имено Меси потпишува за Барселона, но не Лео Меси. Имено Тијаго Меси, најстариот син на Лионел, наскоро ќе се приклучи на Ла Масија и ќе ги следи стапките на својот татко. Лионел Меси е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, а сè започна од Барселона. Аргентинецот пристигна во Ла Масија, […]