Тежок пад на Тадеј Погачар на Вуелта по што ја напушти трката

Падот на водечкиот во генералниот пласман веројатно беше предизвикан од камен на патот, по што Словенецот изгуби контрола над велосипедот


 

Тадеј Погачар се повлече од велосипедската трка Вуелта а Еспања во саботата откако имаше страшен пад на 31 км од целта на рамната осма етапа, што го остави со повреди на рамото и аркадата.

Водечкиот во трката, од тимот на ОАЕ Емирати-XRG, има освоено пет титули на Тур де Франс и една Џиро д’Италија и се стремеше кон својата прва победа во шпанската 21-дневна трка за да се придружи на елитна група која ги освои сите три големи тур-трки.

Според она што се знае досега Словенецот, кој е најдобар велосипедист на светот, падна додека се возеше во пелотонот откако наиден на некаков мал објект на патот, веројатно камен, изгуби контрола над гиданот, се удри во друг возач и падна директно на лицето и рамото. Додека целиот негов тим чекаше додека пелотонот продолжуваше без нив, Погачар се обиде да се врати по неколку минути, но извика „не“ и се згрчи од болка кога го допре својот велосипед. Словенечко „Дело“ пишува дека изгледа  има скршена клучна коска, можеби му било скршено и рамото, а исто така проби и артерија. Пукањето на аркадата над левото око беше најмалата повреда, иако поради тоа неговото лице беше облеано со крв.

Потоа беше однесен во амбулантно возило додека неговите колеги тргнаа по патот кон целта во Ксерако, во близина на Валенсија. Пелотонот веднаш забави кога се дозна дека паднала црвената маичка и го чекаше расплетот на ситуацијата. Кога се дозна дека Погачар ја напушти трката почна борбата за пласман. Во спринтот победи Брајан Кокард (Кофидис) од Франција пред Мадс Педерсен.

Погачар водеше со 3 минути и 50 секунди пред второпласираниот Шпанец Енрик Мас и и беше во црвената маичка уште од првата етапа. Ова е прв пат 27-годишникот да не успее да заврши голем тура. Мас е една минута пред поранешниот шампион Примож Роглич од Словенија, додека Австриецот Феликс Гал е 11 секунди зад него.

Во јули, Погакар се придружи на избрана група петкратни победници на Тур де Франс, Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигел Индураин. Тој е најмладиот возач кој освоил пет тура, повеќе од една година помлад од Меркс во постигнувањето на истиот подвиг, и е првиот човек кој завршил на подиумот седум години по ред.