ПСЖ против Барселона и Манчестер Сити: Извлечена жрепката за фудбалската Лига на шампиони
Во „Грималди Форум“ во Монако вечерва беше извлечена жрепката за Лигата на шампиони во фудбал.
Лигата на шампионите ќе се игра трета сезона по ред според новиот систем, во лигашка фаза.
Секој од 36 клубови ќе игра осум натпревари за време на лигашката фаза, четири дома и четири на гости.
Клубовите беа поделени во четири групи според нивниот индивидуален коефициент, а автоматизиран софтвер извлече осум противници за секој клуб.
Дваесет и девет тима се квалификуваа директно за лигашката фаза, а преостанатите седум места се пополнија преку квалификации.
Носители во жрепката беа Баерн Минхен, Реал Мадрид, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Манчестер Сити, Арсенал, Барселона и Атлетико Мадрид.
Втората група ја сочинуваа Борусија Дортмунд, Рома, Спортинг, Астон Вила, Порто, Манчестер Јунајтед, Клуб Бриж, Реал Бетис и ПСВ Ајндховен, во третата беа сместени Феенорд, Лил, Лион, Бодо/Глимт, Наполи, Лајпциг, Виљареал, Шахтјор и Галатасарај, а последната четврта Славија Прага, Слован Братислава, Штутгарт, АЕК Атина, ЛАСК, Комо, Ленс, Викинг и Сабах.
Осумте најдобри екипи ќе се пласираат во осминафиналето, додека екипите од 9 до 24 место ќе играат во плејофот.
Првото коло ќе се игра од 8 до 10 септември, а финалето ќе се одржи на 5 јуни 2027 година во Мадрид на стадионот „Метрополитано“.
Титулата ја брани ПСЖ, кој во финалето во Будимпешта го победи Арсенал со 4-3 на пенали.
ПСЖ ќе игра дома против Барселона, Рома, Галатасарај и Слован Братислава, додека на гости ќе игра против Манчестер Сити, Астон Вила, Виљареал и Комо.