Белистојаноски и го донесе првото злато на Македонија од Таранто


Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски го освои златниот медал на Медитеранските Игри во Таранто. До првото вакво одличје за нашата земја дојде доминатно.

Во категоријата до 67 килограми, Белистојаноски во финалето го совлада Боран Берак од Хрватска со убедливи 6-0.

Ова беше четврта победа во низа за македонскиот каратист, четврта остварена со апсолутна доминација.

Во полуфиналето славеше сигурна победа, против Балиотис од Грција со 5:1.

За потсетување во осминафиналето македонскиот репрезентативец го совлада Алмасалмех од Сирија со 6:1, а во четвртфиналето беше подобар од Италијанецот Мареска со 2:0.