Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС опен


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија. 

Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171. место на ВТА ранг-листата.

Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105. место (5 август 2024 година).

Мечот се игра како втор според денешната програма на теренот број 16, а почетокот на првиот меч е во 17 часот.