Меџити: Се прават подготовки за седницата на која ќе се изберат собраниските комисии


Се прават подготовки за новата седница на која ќе се изберат собраниските комисии. Не гледам никаков проблем и мислам дека тоа ќе се реши деновиве, изјави денеска пратеникот Изет Меџити од ДУИ. Одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на наградите „8 Септември“, Меџити рече дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум собраниски комисии, […]

(Видео) Прослава за Денот на независноста


По повод 8 Септември, годинава во организација на Владата на Република Северна Македонија се одржува централна свеченост на платото пред зградата на Владата согласно протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи и обезбедена дистанца и заштита.  […]

Заев: Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни


Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни. Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста, напиша утрово на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев. -Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста! Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните […]

Пендаровски: Заеднички императив е следните години да живееме многу подобро отколку до сега


Пред скоро три децении, во 1991-та, на референдум, убедливо мнозинство наши граѓани гласаа да живеат во независна, слободна и демократска Република Македонија. Оттогаш имавме и напредок и падови во борбата за демократски вредности. Патот по кој тогаш тргнавме не е лесен, вели во писменото обраќање претседателот Стево Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста […]

Дваесет и девет години независност, одбележувањето под посебни услови


Во земјава денеска се одбележуваат 29 години од независноста, односно од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, прославата ќе се одржи во посебни услови согласно протоколите на Комисијата за заразни болести за одбележување државни празници, без масовни народни собири, […]

Се договараат кадрите за заменици-министри и собраниски комисии


Партнерите од владејачката коалиција ги договараат кадрите кои ќе ги предложат за заменици-министри, а јавноста ги очекува и имињата на претседателите и замениците на 21 собраниска комисија, што треба да ги номинираат пратеничките групи од власта и опозицијата. Премиерот Зоран Заев  верува оти до крајот на неделава ќе биде постигнат договор за  замениците-министри и првите […]

Средба Маричиќ – Жбогар: ЕУ ќе биде вклучена во сите реформи во правосудството


Отворањето на Поглавјето 23 беше во фокусот на денешната средба во Скопје меѓу министерот за правда Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Самуел Жбогар, на која Маричиќ потенцираше дека неговата главна мисија во Министерството за правда е градење на независно и непристрасно правосудство. Тој ја презентираше својата стратегија и агендата на Министерството за правда и потенцираше дека […]

Заев в среда ќе разговара со Вархеји


Белгија– Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји задутре ќе оствари телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, прв официјален разговор од формирањето на новата Влада, дознава дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја потврдија од страна на Европската Комисија. Повикот ќе биде прилика за двајцата да ја повторат заложбата за засилено реформско темпо кон Европската Унија, со […]

Најавите за протести за Заев се фрустрации на опозицијата оти не е власт


Најавите на опозицијата дека ќе почне со масовни протести низ земјава, според премиерот Зоран Заев, се показател дека таа е фрустрирана оти не е на власт.  Протестите, рече Заев, се нормална работа во слобода и во демократија, но јас како претседател на Владата и парламентарното мнозинство ќе направиме сѐ да не дозволиме да постојат аргументи за какви било […]

Средби на Заев со амбасадорите на Германија и Бугарија


Премиерот Зоран Заев на денешната средба со амбасадорката на Германија, Анке Холштајн, изјави дека новата влада е целосно проевропски ориентирана и дека ќе продолжи да испорачува европски вредности од Западен Балкан. Тој, исто така, упатил благодареност кон Ангела Меркел и државата Германија за посветеноста на претседателството со ЕУ кон проширување кон регионот, стои во соопштението […]

Мицкоски го најави за утре почетокот на есента на протестите


Со протест против поскапувањето на струјата главната опозициска партија ја најави нивната есен на незадоволство против новата влада која не е ни десет дена на власт. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за утре попладне од 18 часот го најави првиот протест за поскапувањето на струјата. Според планот соопштен од Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција протестот ќе започне […]

Макрон до Пендаровски: „Ја имате целата моја поддршка на патот кон ЕУ“


Претседателот на Франција, Емануел Макрон, по повод 8 Септември, Денот на независноста, упати честитка до македонскиот претседател Стево Пендаровски, во која тој нагласува дека државата ја има „целата моја поддршка за европската перспектива на Северна Македонија“. Во честитката, меѓу другото, се вели: „Ја искажувам и целата моја солидарност како и солидарноста на францускиот народ кон […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужби до Управниот суд за верификацијата на мандатите на осум пратеници


Главната опозициска партија денеска со тужби до Управниот суд го оспори верификувањето на осумте пратеници кои влегоа на испразнетите места на нивните претходници кои станаа министри. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нивниот избор бил направен нелегално преку Верификациската комија, затоа што таа имала мандат да функционира само на првата конститутивна седница. „Во Деловникот за работа на Собранието […]

СДСМ: Судиите што застаруваат предмети ќе бидат разрешени


  Приоритет на Владата предводена од СДСМ е целта која ја зацрта заедно со граѓаните – градење на силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата, држава која гарантира независен правосуден систем. – Ред, правда и дисциплина мора да има во Република Северна Македонија. Сега следува процес на целосно и […]

Поголем буџет и плати, „паметна одбрана“, НАТО членството шанса за бизнисот


Продолжуваат реформите во одбранбениот сектор, со стабилно финансирање на одбраната и достигнување на два проценти од БДП за одбранбениот буџет до 2024 преку пораст за 0,2 проценти од БДП секоја година. Понатамошен пораст на платите, но и зголемување на борбената готовност и интероперабилност на Армијата и нејзина сериозна модернизaција, особено земајќи ги предвид новите безбедносни […]

Неделава ќе се поделат функциите од вториот и третиот ешалон


Неделава ќе почнат преговорите меѓу коалициските партнери за поделба на вториот и третиот ешалон, што значи партиите да се договорат за заменици министри, како и за првите луѓе на секретаријатите и агенциите. Се очекува да има ротација во овие функции меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ. Неофицијално, како што шпекулираат албанските медиуми, се очекува ДУИ […]

Дигитализација, опременост на училиштата и професионален развој на кадарот – образовни приоритети во идните четири години


Национална стратегија за дигитализација на образованиот систем, реформа со фокус да се развива логичкото размислување на учениците, професионален развој и мотивирање на наставниците, подобро опремени училишта и до 1,5 процент издвојување за наука во 2024 се меѓу плановите на Владата во новиот четиригодишен мандат. Врвен национален интерес е да се подигне квалитетот на образованието за […]

Повеќе систем, помалку бирократија – најавени реформи за модерна и ефикасна администрација


Создавање на ефикасна и професионална јавна администрација, базирана на интензивна дигитализација, оптимална структура и иновативни процеси и техники, со цел постигнување на побрза услуга, подобар квалитет и еднаквост во пристапот за сите граѓани и деловни субјекти, најавува Владата во својата програма за работа во периодот 2020-2024 година. За остварување на ова Владата се обврзува дека […]

Владеење на правото, а не на моќниците – цел на најавените реформи во правосудството


Длабоки и суштински реформи во правосудството со кои ќе се овозможи владеење на правото, а не на моќниците и доследна борба со криминалот во државата, најави Владата за следните четири години. Ова, меѓу другото, се наведува во програмата, во која Владата се заложува дека доследно ќе ја спроведе Стратегијата за реформи во правосудството која треба […]

Пендаровски планира да се вакцинира против Ковид-19


Претседателот Стево Пендаровски изјави дека планира да се вакцинира против Ковид-19 штом вакцината ќе стане достапна и ги помине сите тестирања. – Апсолутно да. Јас не сум бил никогаш против вакцините. Ако науката во тој дел има спречено или искоренето многу болести, зборувам наназад 100 години, нема причина да не веруваме во најголемите светски умови […]