Карл Билт: Со наметнување „историски вистини“ се кочи европската иднина на Балканот

Поранешниот шведски премиер и специјален претставник на ЕУ за поранешна Југославија Карл Билт, коментирајќи ја позицијата на Бугарија кон С.Македонија, оценува дека со наметнување на свои „историски вистини“ долгорочно ќе се пролонгира европската иднина на Балканот.

– Ако напредокот на Балканот кон ЕУ зависи од тоа дали една или друга држава ќе наметне некаква „историска вистина“, можеме да бидеме сигурни дека ништо нема да се случи за време на една или две генерации, пишува Билт на Твитер.

Шведскиот дипломат го објави коментарот на својот Твитер профил над постираната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за Ројтерс во кое кажа дека Софија инсистира Скопје да ја признае историската вистина ако сака да напредува на патот кон ЕУ.