Заев на средба со Рот: Очекуваме меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, попладнево во Берлин имаше работна средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во МНР на СР Германија, соопшти владината прес-служба.На средбата премиерот Заев се заблагодари за целокупниот ангажман на СР Германија кон евроинтеграциите на Северна Македонија и …

Заев на средба со Рот: Очекуваме меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава Read More »

Шилегов: Изјавата на Захариева за Тито е глупост


Градоначалникот Петре Шилегов на утринската емисија на бугарската телевизија „ТВ Европа“ оцени дека изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева дека не може да се бара членство во ЕУ, а да се слави Тито е глупост и изместување на тезите.  Град Скопје во петокот во рамките на одбележувањето на празникот „13 Ноември“ организираше …

Шилегов: Изјавата на Захариева за Тито е глупост Read More »

ЕК не ги коментира изјавите на Захариева за Тито, потсетува дека условите за ЕУ се јасни


Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Ана Писонеро, изјави дека Комисијата и натаму се надева дека преговорите со Северна Македонија ќе почнат што поскоро, но одби да ги коментира изјавите на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева поврзани за југословенската историја на земјава, јави дописничката на МИА од Брисел. По изјавата на Захариева дека “славењето …

ЕК не ги коментира изјавите на Захариева за Тито, потсетува дека условите за ЕУ се јасни Read More »

Јотова: Сметав дека сите клаузули од Договорот за добрососедство ќе станат дел од преговарачката рамка за С Македонија


Бугарија мора да стои цврсто на ставот базиран на заклучоците на Консултативниот совет за национална безбедност, што беа усвоени од бугарскиот претседател минатата есен, како и на рамковната позиција на Владата и на декларацијата на Националното собрание, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова за БГНЕС, коментирајќи ја позицијата на Софија во однос на одобрувањето на преговарачката …

Јотова: Сметав дека сите клаузули од Договорот за добрососедство ќе станат дел од преговарачката рамка за С Македонија Read More »

Бугарската блокада извесна, Берлин продолжува да бара решение


Висок дипломат од земја членка на ЕУ на брифинг со новинарите утрово порача дека од изјавите на бугарската министерска за надворешни работи Екатерина Захариева извесно е дека не може да се очекува Софија да се откаже од блокадата на стратот на преговорите на земјава со Унијата на утрешниот министерски состанок, но дека дипломатските напори продолжуваат, …

Бугарската блокада извесна, Берлин продолжува да бара решение Read More »

Заев денес во Берлин ќе прими награда за тоа што го критикува Софија


Премиерот Зоран Заев утре во Берлин ќе ја прими Наградата за човекови права за 2020 година што му ја додели германската Фондацијата „Фридрих Еберт“. Наградата ќе му ја врачи министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, кој притоа ќе одржи и пригоден говор.По свечениот дел, предвидена е дебата со Заев на тема: „Како да …

Заев денес во Берлин ќе прими награда за тоа што го критикува Софија Read More »

Софија решена да блокира, Скопје ќе настојува за решение до последен момент


Бугарија останува на тврдите позиции за македонската евроинтеграција и не дозволува да биде усвоена преговарачката рамка што треба да го отвори патот за одржување на првата меѓувладина конференција и старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Извесно е дека Софија во вторник на состанокот на Советот на ЕУ ќе ја блокира одлуката …

Софија решена да блокира, Скопје ќе настојува за решение до последен момент Read More »

Промеморија на МАНУ за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ


Во неделата во вечерните часови МАНУ издаде промеморија во која ги нагласува  државотворноста и идентитетот на македонскиот народ, како и посебноста на македонскиот јазик. Оваа промеморија доаѓа на само два дена од министерскиот состанок на ЕУ, на кој официјална Софија најави дека ќе го блокира усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија, истакнувајќи редица барања кои …

Промеморија на МАНУ за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ Read More »

Девет работи што Софија очигледно не ги сфаќа во спорот со Скопје


Бугарија отсекогаш го сметаше членството на Северна Македонија во ЕУ како нејзин стратешки приоритет. И таа секогаш го бранеше и опстојуваше доследно. Во моментов гледаме како таа сама го поткопува, смета бугарскиот уставен експерт и професор, Даниел Смилов   Бугарија е на пат да направи стратешка грешка во својата надворешна политика. Со блокирање на преговорите …

Девет работи што Софија очигледно не ги сфаќа во спорот со Скопје Read More »

Бибер: Ако не може да се слави Тито, како влегоа Хрватска и Словенија во ЕУ?


Професорот на Универитетот во Грац, Флоријан Бибер, го искоментира ставот на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која објаснувајќи го спорот со Македонија порача дека не може државата од една страна да сака да влезе во ЕУ, а истовремено да го слави, како што рече, „еден од најмрачните диктатори – Тито“. „Бугарската МНР апсурдно …

Бибер: Ако не може да се слави Тито, како влегоа Хрватска и Словенија во ЕУ? Read More »

Османи: Ќе работиме до последен момент


Се додека постои уште простор, постојат денови пред нас, постои и можност да се разговара и да се рефлектира приближувањето на ставовите меѓу Северна Македонија и Бугарија, но одлуката ќе биде донесена во Советот на министри на Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи . Овие два дена, како што рече Османи, …

Османи: Ќе работиме до последен момент Read More »

Заев: До крајот на декември има можност за прва меѓународна конференција


Се поизвесно е дека Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија и земјата нема да ги почне преговорите со Европската Унија и покрај позитивната одлука. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е поприлично извесно дека Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија, на состанокот на Советот на ЕУ во вторник. Но, Заев вели дека тој никогаш не …

Заев: До крајот на декември има можност за прва меѓународна конференција Read More »

Захариева тврди дека зеленото светло за Македонија ќе биде услуга за Москва


На Екатерина Захариева сега ѝ пречи зошто градоначалникот Петре Шилегов организирал прослава за денот на ослободувањето на Скопје   Министерката за надворешни работи на Бугарија во оправдувањето на политиката на нејзината влада да ја блокира Македонија, сега тврди и дека зеленото светло од Софија ќе било услуга за Москва!? Екатерина Захариева во интервју утринава за …

Захариева тврди дека зеленото светло за Македонија ќе биде услуга за Москва Read More »

Изборот на Бајден добар за Македонија


 Не се очекуваат значајни промени за време на мандатот на новоизбраниот претседател Џо Бајден во политиката на Вашингтон кон Западен Балкан, бидејќи таа е конзистентна и долгорочна, но ќе донесе фокус на регионот и можно посилно американско влијание во однос на евроинтеграциите на Северна Македонија, оценуваат за МИА политичките аналитичари амбасадор д-р Ѓорѓи Филипов и …

Изборот на Бајден добар за Македонија Read More »

Уште два дена за приближување на ставовите со Бугарија


До одржувањето на состанокот на Советот на министри на ЕУ во вторник Северна Македонија и Бугарија ќе разговараат за да се избегне вето за нашиот почеток за преговори со ЕУ и одржување на меѓувладината конференција. Засега се уште не може да се предвиди каква ќе биде одлуката на Советот во вторник. – Се уште се …

Уште два дена за приближување на ставовите со Бугарија Read More »

Ивајло Калфин: Историската комисија не може да решава политички проблеми


Однесувањето на бугарската влада кон Република Северна Македонија во последните години доведе до ситуација во која секој потег е губитнички. Ова за бугарското Радио Дарик го изјави поранешниот министер за надворешни работи Ивајло Калфин. Според него, во моментов постоеле основи за блокирање на Македонија, иако Бугарија нема да има корист од засилувањето на антибугарската реторика …

Ивајло Калфин: Историската комисија не може да решава политички проблеми Read More »

Ковачев: Да им се одземат државјанствата на тие што шират омраза кон Бугарија


Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, во интервју за „Трибуна.мк“ побара да им се одземе бугарското државјанство и јавно да им бидат објавени имињата на Македонците што учествуваат во говор на омраза кон Бугарија, иако се декларирале како Бугари.  Според него, законот го предвидува тоа. „Ние сакаме да има транспарентност по тоа прашање. Можеби знаете дека  процедурата …

Ковачев: Да им се одземат државјанствата на тие што шират омраза кон Бугарија Read More »

Иван Костов: Перчењето на ВМРО пред Скопје нема да даде резултат


Министерот за одбрана Красимир Каракачанов добива популарност, расправајќи се со соседните политичари. Перчењето на ВМРО нема да даде резултати. Така поранешниот премиер на Бугарија, Иван Костов, ја коментираше компликацијата на дипломатските односи меѓу Скопје и Софија во интервју за бугарското Радио Дарик. Костов беше поканет да ја коментира темата, бидејќи како премиер во 1999 година …

Иван Костов: Перчењето на ВМРО пред Скопје нема да даде резултат Read More »

Мицкоски: Ако Заев го одбрани националниот интерес ќе му честитам, ако направи предавство ќе му се случи народ


Ако Заев го одбрани националниот интерес ќе му честитам, ако направи предавство ќе му се случи народ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција. Тој вели дека со оваа влада ниту Европската унија станува реалност, ниту пак некое билатерално прашање е затворено во наша корист, а доказ за тоа е спорот со Бугарија, бидејќи …

Мицкоски: Ако Заев го одбрани националниот интерес ќе му честитам, ако направи предавство ќе му се случи народ Read More »

Кнаус: Целиот регион ќе страда ако Северна Македонија биде блокирана за ЕУ


Република Северна Македонија е единствената земја за која Европската комисија е категорична дека може да започне преговори. Ако земјата за која ЕУ верува дека е најдобро подготвена да го започне преговарачкиот процес повторно е блокирана поради билатерални проблеми, тогаш целиот регион ќе страда, оценува политичкиот аналитичар и основач на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус. …

Кнаус: Целиот регион ќе страда ако Северна Македонија биде блокирана за ЕУ Read More »