Ковачев: Да им се одземат државјанствата на тие што шират омраза кон Бугарија


Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, во интервју за „Трибуна.мк“ побара да им се одземе бугарското државјанство и јавно да им бидат објавени имињата на Македонците што учествуваат во говор на омраза кон Бугарија, иако се декларирале како Бугари.  Според него, законот го предвидува тоа.

„Ние сакаме да има транспарентност по тоа прашање. Можеби знаете дека  процедурата за добивање на бугарско државјанство по потекло, вклучува и декларација во која што кандидатот декларира дека има бугарска самосвест, бугарски
идентитет, а според таадДекларација се носи и казнена одговорност според членот 313 од Казнениот кодекс на Република Бугарија. Тука се разбира е и декларацијата дека неговите родители, предци биле Бугари. Биле дел од бугарската заедница во
бугарски села и градови, во Егејска и Вардарска Македонија. Секој кандидат што добил бугарско државјанство го докажал своето бугарско потекло по мајка, по татко или по двете линии. И самиот тој декларирал во посебна декларација дека се чувствува Бугарин. Овде зборуваме за повеќе од 120.000 македонски државјани кои имаат двојно државјанство од кое бугарското го добиле по потекло. За нас е многу непријатно кога такви луѓе што декларирале дека се Бугари и докажале пред бугарската држава дека се Бугари, потоа работат против Бугарија и не работат за добрососедството“, вели бугарскиот европратеник околу тие што се инволвирани во говор на омраза кон Бугарија.

„Секој што сака и се смета за Бугарин може да добие бугарско државјанство, за тоа нема никаков проблем, но не треба да го злоупотребува тоа против Бугарија. Сум истакнувал и порано дека треба да има транспарентност, посебно за тие што злоупотребуваат, бидејќи тие декларирале дека имаат бугарско потекло и бугарски
идентитет. Ако направиле тешки прекршоци, се разбира и дека треба да има одземање на бугарското државјанство.Значајни за општеството прекршоци против
Бугарија на таквите луѓе се  ако тие продолжуваат константно да зборуваат против бугарскиот идентитет на Гоце Делчев на пример, и негираат работи коишто се општо познати во историјата, манипулираат со нив, шират омраза кон Бугарија, тие луѓе не само што треба јавно да бидат објавени како бугарски државјани, туку и нивното државјанство да биде одземено. Јас не сум дел од бугарскиот парламент, не знам кога и како ќе се случи тоа, но со сигурност ќе се случи“, додава Ковачев, прашан кога Бугарија ќе почне да ги одзема државјанствата на овие лица, како што предвидува членот 22 од Законот за бугарско државјанство.

„Има закони за тоа. Кога некој ќе докаже дека е со бугарско потекло и декларирал дека се чувствува Бугарин, тој може да добие бугарско државјанство. Ако тој човек шири омраза против Бугарија и не допринесува по никаков начин за
добрососедството, моето мислење е дека неговото бугарско државјанство треба да се одземе. Сето тоа стои во бугарскиот закон и истиот треба да биде спроведуван“, категоричен е бугарскиот европратеник.

Тој оцени притоа дека станува очигледно дека  нема да се донесе одлука на 17 ноември да започнат преговори меѓу Македонија и ЕУ. Јас не би го нарекол ова вето, туку одложување, оцени Ковачев.

„Одложување на процесот, но сето тоа зависи од Скопје. Ако одлучат да го сменат своето мислење, да престанат да ја фалсификуваат историјата и да престанат да користат говор на омраза, тогаш ќе имаме друго решение. Но, малку е веројатно дека тоа ќе се случи во наредните денови“, рече Ковачев, кој не се обврза на крајниот рок кога ќе може да се најде решение.. Тој сепак не ја исклучи можноста преговорите за членство со  Македонија да започнат за време на едно од следните претседателства на ЕУ во 2021 година.

у