Проблем на Бугарија не е дали ќе ги нарекуваме фашисти, туку дали ќе ги нарекуваме окупатори


По повод изјавата на премиерот Зоран Заев околу потребата да се редефинира  третманот на учеството на Бугарија во Втора светска војна, историчарот Петар Тодоров за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ оцени дека главен проблем на Бугарија не е дали ќе ги нарекуваме фашисти, туку дали ќе ги нарекуваме окупатори. Сепак, Тодоров вели дека ние во […]

Средба Пендаровски – Гутереш: Деблокадата на евроинтеграциите од интерес за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа


Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк се сретна со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, при што беа разменети мислења за севкупните активности на Република Северна Македонија во рамки на ОН, како и за улогата на организацијата во справувањето со глобалните прашања. Како што […]

Денеска треба да биде заклучен Избирачкиот список, од понеделник почнува изборната кампања


Политичките партии и нивните подмладоци се обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори. Изборната кампања за првиот круг од локалните избори, согласно Роковникот на Државната изборна комисија почнува од понеделник и ќе трае до 15 октомври, а денеска треба […]

Македонско-германски форум „30 години независност на Северна Македонија –  Улогата на Собранието во демократијата“


Македонско-германски форум насловен „30 години независност на Северна Македонија –  Улогата на Собранието во демократијата” ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања – МК91. Гости и говорници на форумот, како што најави Фондацијата Конрад Аденауер, ќе бидат проф. д-р Норберт Ламерт, претседател на Фондација Конрад […]

(ВИДЕО) Пендаровски преку ОН и прати порака на ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски нешто пред 18 часот по македонско време се  обрати на Генералното собрание на ОН. Во говорот тој се осврна на состојбата во и околу Авганистан, климатските промени и перспективите на младите. На домашен план тој го отвори проблемот со евроинтеграцијата на Македонија и регионот порачувајќи дека е крајно време да се постави […]

ДИК го усвои Предлог-упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот


Државната изборна комисија денеска ја одржа 26. седница на која едногласно беше усвоено Предлог-упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот, кое произлегло од новите измени на Изборниот законик. – Една од измените е дека граѓаните можат да гласаат со истечена лична карта, која им е истечена од денот на распишување до денот на […]

Џафери ја врати предлог-одлуката за формирање Анкетна комисија оти била неуредна


Доставената Предлог-одлука за основање Анкетна комисија за утврдување на факти и одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово од 21 септември не е во согласност со Амандманот XXXIII од Уставот на Република Северна Македонија и ви се враќа како неуредна, се наведува во одговорот потпишан од спикерот Талат Џафери на поднесената Предлог-одлука од пратеници […]

ВМРО-Народна: Бришењето на „бугарски окупатор“ не е негирање на идентитетот


ВМРО-Народна партија на Љупчо Георгиевски го поддржа премиерот Зоран Заев во намерата да го избрише зборот „бугарски“ од описот „фашистички окупатор“.   -Вообичаено кога зборуваме за компромиси кои треба да ги направиме со нашиот сосед Република Бугарија, противниците на таа идеја го изнесуваат аргументот дека со тоа се негира нашиот идентитет и македонската нација. Во најновиот […]

Политичките партии потпишаа Кодекс за фер и демократски избори


Со потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, политичките партиите денеска се обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори. Овој кодекс го потпишаа претставници од сите политички партии, учесници на претстојните избори. Први го потпишаа претставниците на двете […]

Уште една прекината комисиска седница во Собранието


Продолжението на 11. седница на собраниската Комисија за образование и наука беше прекината на самиот почеток кога претседателката Жаклина Лазаревска побара од пратениците да се откажат од процедуралните излагања, како што рече,  во интерес на образованието и науката. -Досега постапувавте недемократски и не се држите на Деловникот кога барате процедурални, им рече Лазаревска на опозициските […]

Пендаровски, Црвенковски и Иванов на научен собир во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во понеделник и вторник организира научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година“. На првиот ден од собирот, како што е најавено, ќе се обратат актуелниот претседател Стево Пендаровски и поранешните претседатели Бранко […]

Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ


Премиерот Зоран Заев на состанок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ порачал дека очекува до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата, соопштија од Владата откако Заев синоќа го одржал редовниот годишен состанок со шефовите на дипломатските мисии од овие држави. „Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и […]

Македонија и Филипини воспоставија дипломатски односи


Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, и неговиот колега од Филипини, Теодоро Л. Локсин, потпишаа заедничко комунике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, соопшти МНР. „Ваквиот чекор ги потврдува заложбите на Република Северна Македонија за градење пријателски односи и воспоставување партнерства и со географски оддалечени земји. Отворањето на ново поглавје во билатералните […]

Денес Пендаровски ќе се обрати на Генералното собрание на ОН


Претседателот  Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“. Во рамки на учеството […]

Локални избори: Денеска жрепка за утврдување Единствена листа на кандидати


Откако Државната изборна комисија (ДИК) го утврди редоследот на учесниците на локалните избори на гласачкото ливче, најдоцна до денеска на полноќ треба да биде објавена Единствената листа на кандидати. Според Роковникот на Комисијата жрепката за утврдување на Единствената листа на кандидат/и ДИК ќе ја одржи најдоцна денеска. ОИК / ИКГС утврдената единствена листа на кандидат/и […]

Спасов контра Заев за бугарските фашисти


Екс-амбасадорот на Македонија во Бугарија, Ѓорѓи Спасов, реагираше на најавата од премиерот Зоран Заев дека од спомениците и од учебниците ќе се брише описот „бугарски“ пред  фашистички окупатор. Тоа, смета Спасов, не можеме да си го дозволиме поради жртвите од фашизмот.     „Имало ли бугарски фашисти во Македонија во време на Втората светска војна, како […]

Заев најави бришење на зборот бугарски од описот за „фашистички окупатор“


Патоказот, краткото и долгото име на државава, немешањето во внатрешните работи и преговарачката рамка, којашто е работа на ЕУ со Бугарија, се конкретните чекори на коишто работиме и верувам ќе ги сработиме до крајот на годината, изјави денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање кои се конкретните чекори што бугарскиот државен врв вчера […]

Само што почна, Милошоски го прекина претставувањето на новите амбасадори


Преставувањето на новите амбасадори на Македонија на Комисијата за надворешна политика во Собранието само што почна, застана. Претседателот на Комисијата Антонио Милошоски даде пауза бидејќи некои од пратениците „имале работа“. Каква, не е јасно, со оглед на тоа дека работата на Собранието речиси целосно е парализирана. Успеал да се престави само кандидатот за амбасадор во […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за несреќата во Тетово и обвинение за случајот


 ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно побара морална одговорност и оставки за несреќата во модуларната болница во Тетово во која загинаа 14 лица. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, во изјавата за медиумите во Собранието, посочи СДСМ и ДУИ, обвинувајќи се меѓу себе откриваат дека немало соодветен надзор на модуларните објекти, немало противпожарен систем за заштита, технички прием, ниту атестирани материјали, што […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги кочи во Собранието законските измени за недела неработен ден  


Пратеничката група на СДСМ обвини дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ со денови ги кочи во Собранието измените на Законот за работни односи за недела неработен ден, со што посочуваат, продолжува да работи против работниците, против граѓаните и нивните интереси.   – Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против работниците што упорно ги кочи овие законски измени? Овие законски измени овозможуваат 92 отсто од вработените […]