Втора средба на Заев со Гаши за влез на Алтернатива во Владата


Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши денеска ќе одржат нова средба за тоа дали партијата ќе се приклучи во Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок. Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно […]

Утре нова средба Заев – Гаши


Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши утре попладне повторно ќе се состанат, потврдуваат од СДСМ за Канал 5. Од СДСМ не кријат дека се подготвени да отстапат министерски места за Алтернатива, но немаат конкретен одговор кои ресори би ги отстапил СДСМ. Поделбата на ресорите ќе зависи од преговорите, вели Стефан Васев од СДСМ […]

Победничката партија во Бугарија сака што побрзи преговори со Македонија


Зголемена трговска размена со соседите, воспоставување авиолинија Скопје-Софија, изградба на коридорот 8, заеднички културен календар на Бугарија и Северна Македонија е дел од визијата за бугарската надворешна политика на партијата Продолжуваме со промената. На тема Бугарија и Европа, Даниел Лорер експерт за меѓународни односи од Продолжуваме со промената, рече дека е важно Бугарија да биде […]

Мицкоски пак бара предвремени избори


  Потребни се брзи предвремени парламентарни изборибидејќи оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ нема кредибилитет, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, тоа го покажале резултатите од локалните избори кои беа одржани во октомври, наведувајќи дека доколку продолжи оваа влада да владее, „ќе продолжат и поразите.“ „За жал тие порази почнуваат да […]

Сите чекаме дали Бугарија ќе го крене ветото, вели Османи


Советот на ЕУ ја чека одлуката на Бугарија, 26 земји-членки ја имаат донесено одлуката во однос на започнувањето преговори. Сите чекаме дали Бугарија ќе го крене ветото, и за тоа продолжува нашата комуникација. Очекуваме наредните денови да има одредени конкретни чекори во смисла на размена на предлози, чекаме средба од експертите од двете министерства за […]

Ковачевски: Не сум ничиј човек, јас сум човек со интегритет


СДСМ треба интензивно да ја спроведува европската агенда, но не може да очекуваме дека ЕУ или некој друг ќе ни ги реши проблемите. Приоритет мора да е домашната политика, подигање на животниот стандард на граѓаните, јакнење на економијата. Ова во интервју за МИА го вели Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот […]

Историски најголем буџет на МНР за 2022 година


Една милијарда и шестотини и педесет милиони денари, или околу 27 милиони евра, што преставува зголемување од 28 проценти, односно нешто над 360 милиони денари, или околу шест милиони евра повеќе од лани, изнесува буџетот на Министерството за надворешни работи што е предвиден за 2022 година којшто, како што информираше шефот на дипломатијата Бујар Османи, […]

Џафери од Мадрид: Против дезинформациите и говорот на омраза со култура на толеранција


Секогаш имајќи ја на ум исклучително значајната улога на парламентите во заштитата на слободата на изразување на интернет и промовирањето на различноста на ставовите, исто толку важно е и спротивставувањето кон дезинформациите и говорот на омраза и спречувањето на перцепцијата дека како политички естаблишмент, ја губиме врската со граѓаните. За тоа да се промени, потребно […]

Мнозинство има, очекуваме преку разговорите да се зголеми дополнително, вели Османи


Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изјави оти мнозинство во Парламентот има, и оти очекува тоа дополнително да се зголеми. – Мнозинство има, тоа можам да го потврдам, очекуваме со овие разговори ова мнозинство да се зголеми дополнително и да да биде стабилно за да може во наредните месеци и години да се продолжи со овие […]

Хоџа ја потврди средбата со Муса Џафери, прашува кој го следи


  На социјалните мрежи се појави фотографија од министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа и поранешниот висок функционер на ДУИ, Муса Џафери. Хоџа призна дека таа фотографија е вистинска, наведувајќи дека средбата се случила на јавно место без да се крие од никого и без никакво влијание во политичко дејствување. Хоџа прашува кои се […]

Димитар Ковачевски ќе се кандидира за лидер на СДСМ


 Заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека ќе се кандидира за лидер на партијата, откако СДСМ вчера ја утврди оставката на претседателот на партијата Зоран Заев и распиша внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање. – Во рокот од седум дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за […]

Груби: Оставката на Заев од премиерското место треба да почека


ДУИ ќе ја почитува внатрепартиската одлука на СДСМ за избор на нов претседател кој е најавен дека ќе биде избран на 12 декември. Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека тоа е нивно внатрешно партиско прашање кое што тие го почитуваат и нагласи дека им посакува голем успех на 12 декември на внатрепартиските избори за […]

Османи за бугарската НОВА: Тоа што се случи покажува дека можеме да си помагаме и во добро и во лошо


Бугарските институции постапија професионално и обезбедија мир на семејствата на загинатите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше емотивно, коментира за бугарската НОВА ТВ министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Османи коментира дека ова е уште еден знак дека сме блиски пријатели и […]

Предан: Ако не успее ЕУ да го пополни просторот во регионот, тогаш некој друг ќе направи тоа


Сметам дека регионот заслужува јасна европска перспектива. Да се надеваме дека следната година во исто време нема да има потреба да зборуваме колку е важна европската перспектива, туку ќе можеме да кажеме дека европската перспектива е веќе тука, дека веќе преговарате. Речиси сум сигурен дека тоа ќе се случи, ќе дознаеме во декември, но тоа […]

Во Новата година со нов премиер и со нова Влада?


Станува извесно дека земјата околу Нова Година ќе има нов премиер и нова Влада, по синоќешните состаноци на највисоките партиски раководства на СДСМ и на Алтернатива. СДСМ на 12 декември ќе избира нов лидер што треба да го наследи Зоран Заев кој поднесе оставка, за што постапката почнува утре. Оваа одлука била донесена на синоќешната […]

Заев го предложил Ковачевски за наследник


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, на вечерашната седница на партискиот Централен одбор го предложил заменик-министерот и член на партискиот Извршен одбор Димитар Ковачевски за негов наследник во партијата, а со тоа и за нов мандатар, велат партиски извори. Според неофицијални информаци, откако Заев се појави со Ковачевски на средбата со лидерот на Алтернатива Африм […]

Алтернатива одлучи да преговара за влез во Владата


Алтернатива по состанокот на претседателството одлучи да преговара за влез во Владата. „Разговаравме за политичката состојба во земјата и констатиравме дека ние сме во  длабока политичка, енергична и здравствена криза. Овој ќорсокак предизвикува многу неизвесност. Јас согледавме оваа ситуација и Алтернатива, како сериозна партија,  сака да помогне да се одблокира оваа ситуација. Одлучивме да и […]

За новиот лидер на СДСМ ќе се гласа на 12 декември


На 12-ти декември СДСМ да гласа за нов лидер, е  предлог одлуката што ќе оди како предлог пред Централниот одбор на партијата, потврдил за ТВ 24 висок партиски функционер од СДСМ. Датумот се поклопува со Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на кој исто така ќе се бира лидер на партијата. Ваквиот предлог  доаѓа откако по нешто помалку […]

(Во живо) Прес на Алтернатива


Централното претседателство на Алтернатива по тричасовна дебата ја заврши седницата зад затворена врата на која се решаваше дали партијата ќе се приклучи кон Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозиција. Проследете ја прес-конференцијата на Алтернатива за Албанците во живо:  

Шилегов: Извесен е влезот на Алтернатива во Владата


Членот на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ Петре Шилегов пред почетокот на седницата на ЦО на партијата изјави дека нема да се расправа за оставката на премиерот Зоран Заев, туку, како што рече, треба да разгледаат неколку сериозни позиции кои се однесуваат на формирањето на политичкото мнозинство, влезот на Алтернатива во Владата. Според […]