Сијарто се огради од екстрадицијата на Груевски, владата не решавала за тоа


Планот го објави министерот за надворешни работи Петер Сијарто

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, на прес-конференцијата денес во МНР избегна да одговори кога Унгарија ќе го испорача екс-премиерот Никола Груевски. бидејќи за него има правосилна судска одлука во Македонија. 

„Ова не е политичко туку правно прашање, прашање за судскиот систем, така што унгарските политичари во врска со тоа не можат да расправаат“, одговори Сијарто на новинарско прашање. 

На уште една незгодна тема, зошто Унгарија најавува вето на евентуалната одлука на ЕУ да воведе санкции против Милорад Додик, член на колективното Претседателство на БиХ од Република Српска, која според сите оценки тој е дестабилизирачки фактор за земјата и за регионот. 

„Ако има одлука за санкции против него, ние ќе ставиме вето бидејќи сметаме дека воведувањето санкции во Западен Балкан не е праведно. Покорисно е пред да се носи таква одлука, да се седне и да се разговара со Додик, односно не да се разговара за Западен Балкан туку да се разговара со преставниците на Западен Балкан“, рече Сијарто.