Сијарто се сретна и со Данела Арсовска


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

На средбата се разговарале за предизвиците кои во наредниот период го очекуваат Градот Скопје, како и проектите кои веќе почнаа да се реализираат. Приоритетите на новата градска администрација се креирање на подобар квалитет на животот за граѓаните, како и исполнување и реализација на сите проекти предвидени во програмата на Градот Скопје.

На средбата било договорено да се интензивира соработката меѓу Република Унгарија и Градот Скопје со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните. Министерот Сијарто и посакла на Арсовска успешна работа како градоначалничка на Скопје.