Хусни Исмаили: Од министер за култура и пратеник до потпретседател на Собранието


Централното претседателство на „Алтернатива“ на седница ги утврди носителите на јавни функции. Хусни Исмаили ќе биде новиот потпретседател на Собранието.

По една година како министер за култура Хусни Исмаили во 2020 години седна во пратеничките клупи на македонското Собрание. Во 2019 година на жешката столица во Министерството за култура го наследи Адеми, како предлог на Алтернатива. Неговиот избор беше изненадување како лекар-ревматолог кој сепак имал искуство и како професор и во издаваштвото.

Во ноември, годинава, Државната комисија за спречување на корупција  реши да поведе иницијатива до Јавното обвинителство за поведување постапка за кривично гонење против поранешен министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес. Во посочениот период функцијата министер за култура ја извршуваше Хусни Исмаили.