Кој е Беким Сали – човекот што го наследува Филипче?


Централното претседателство на „Алтернатива“ на седница ги утврди носителите на јавни функции. Беким Сали ќе биде нов министер за здравство.

Беким Сали е стоматолог по професија и има сопствена ординација.

Влезен е и во бизнисот со текстил.

Беким Сали во политиката е 6 години, а во моментов ја извршува функцијата Генерален секретар на Алтернатива. На последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на Алијанса и Алтернатива но ги загуби изборите.

Политичката кариера ја почнал како шеф на кабинетот на Бујар Османи додека овој беше Министер за здравство што значи дека има искуство со ведење на овој ресор.

 

Сали е оженет и татко на три девојчиња.