Средба Петровска – Резников во Киев: Украина ја има нашата поддршка за одбрана на својата сувереност и независност


  Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет. „Jа изразувам мојата почит и поддршка кон вас украинскиот народ, за вашата храброст, истрајност и одлучност да ја одбраните сопствената територија. […]

Се предаде вториот напаѓач на Пендиков


Битолчанецот што беше осомничен дека учествувал во нападот на Христијан Пендикови кој оттогаш беше во бегство, бил приведен од полицијата.  Според првичните информации, тој се сомничи за тешка телесна повреда поради тоа што го натепал Пендиков, а за тоа дали ќе му бидат одредени мерки за обезбедување присуство, ќе каже охридското Обвинителство. „На 21 февруари […]

Талат Џафери: И моите деца имаат право да бидат примени на работа


Претседателот на Собранието, талат Џафери, денес се правдаше пред новинарите дека, како и другите, и неговите деца имаат право да конкурираат и да бидат примени на работа.   Неговата изјава беше реакција на информацијата дека синот, Барлет Џафери, е меѓу тие кои се квалификуваа да станат судии и јавни обвинители иако Антикорупциската комисија отвори случај […]

Оливер Вархеи идната недела доаѓа во Скопје


  Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи доаѓа идната недела во Скопје, на 1 март, за да учествува на Скопскиот економски форум кој се одржува по втор пат. Овој собир е дел од Делфи економскиот форум. На собирот во Скопје ќе усчествуваат тројца премиери, на Македонија, Црна Гора и Косово,  Димитар Ковачевски, Дритан Абазовиќ и […]

ДУИ: ВМРО и Мицкоски поттикнуваат војна против Албанците


  Демократската унија за интеграција предупредува дека втор ден по ред по скандалозните изјави на Александар Николоски во кои повикувал на војна среде собрание, слично  на наративот од 27 април, ниту Христијан Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не се дистанцирале од тие закани. „Николоски е поттикнат од неговиот лидер Мицкоски, којшто објавува слика од заклетва во маскирна […]

Османи ќе се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа


Претседавачот со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и министер за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Стразбур пред Комитетот на министри на Совет на Европа  ќе ја презентира програмата на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Министерството за надворешни работи најави дека Османи ќе има средба со генералниот секретар на Советот на […]

Продолжува собраниската седница за реконструкција на Владата


Со расправа за предлогот за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи денеска продолжува 104-тата седница на Собранието посветена на владината реконструкција. Според последните најави за збор по предлогот за разрешување на Чупи се пријавени вкупно 39 пратеници. Претходно, во рамки на оваа прва точка од седницата заврши расправата за предлозите за […]

Дебата за недобрососедските односи: Кампањата на провокации започна од Бугарија


Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во моментов се на дното, а за тоа придонесоа иницијативите за отварање на т.н. културни клубови во двете земји. Кампањата на провокации ја започна Бугарија, односно бугарскиот претседател, но вината е и од двете страни на границата. Потребно е да покажеме зрелост и капацитет нештата да не бидат такви, […]

Заврши расправата за разрешувањето на министерот Алити, ќе се гласа дополнително


  Собранието вечерва го заврши претресот по предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Гласањето ќе биде дополнително закажано. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски најави дека 104-тата седница ќе продолжи во 20:30 часот со расправа за разрешувањето на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи за која се пријавени […]

Експертската поддршка од Хрватска е значајна за преговарачкиот процес со ЕУ


Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска остварила средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, на која разговарале за соработката меѓу двете земји, но и за евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија.   Вицепремиерката Грковска изразила благодарност за поддршката што Хрватска и ја дава на нашата држава во процесот на преговорите со Европската Унија, […]

ВМРО-ДПМНЕ влезе во конфликт со Груби, го обвинува за злоупотреби


ВМРО-ДПМНЕ му објави „војна“ на Артан Груби, а преку него сака да го урне рејтингот и на ДУИ, помагајќи им на „огнените“ да ја растурат партијата. На секој саат од оваа партија излегува обвинение за наводното богатење на семејството на Груби, при што се споменува дуќан на улицата „Македонија“  и бизнис со баждарење бензиски пумпи.  […]

Продолжува собраниската седница за реконструкција на Владата


Собранието денеска треба да ја продолжи 104. седница со расправа по предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Расправата почна во петокот, откако во четвртокот вечерта заврши дебатата за разрешувањето на министерот за здравство Беким Сали. Гласањето за разрешувањето на Сали треба да биде дополнително закажано, а не се одржа […]

Претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи во посета на Турција


Претседавачот со ОБСЕ и шеф на македонската дипломатија Бујар Османи денеска ќе ја посети Република Турција заедно со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.   За време на посетата Османи ќе има работна средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу. Посетата се одвива во време на тешка состојба во Турција, по серијата разорни земјотреси во […]

МНР: Престојот на Јотова беше најавен по дипломатски пат, не беа побарани средби


Престојот на делегацијата предводена од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова во Република Северна Македонија е пријавен по дипломатски пат преку Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи.  – Информираме дека во однос на престојот на потпретседателката не се побарани средби ниту други програмски содржини и нејзиниот престој и транзит […]

Условувањето на уставните измени со предвремени избори, значи дека пред секоја реформа ќе треба да одиме на избори


Уставните измени се само една од одлуките што државата треба да ги донесе во делот на пристапувањето кон Европската унија за кои е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Потоа следуваат реформата во правосудниот систем, реформата во обвинителниот систем, за кои исто така е потребно двотретинско мнозинство. Доколку која било политичка партија ја условува поддршката на […]

ВМРО-ДПМНЕ ја измисли корупцијата и ја доведе до перфекција, велат од ДУИ


ВМРО ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е судски потврдено криминално здружение, но и без тоа, нема граѓанин во нашата држава, дури и членовите на ВМРО ДПМНЕ знаат, дека корупцијата и организираниот криминал во нашата земја е измислена и перфекционирана од страна на ВМРО ДПМНЕ, велат од Демократската унија преку соопштение  по нападите од опозициската артија за […]

Јотова се сретнала со претставници на бугарската заедница во Скопје


Бугарија нема да прави отстапки за договорите со Северна Македонија. Ова го порача бугарската потпретседателка, Илијана Јотова, која вчера на враќање од Косово допатува во Скопје на средба со претставници на бугарската заедница во Македонија. Средбата се случуваше во зградата на бугарската амбасада во Скопје, пришто Јотова им се заблагодари на македонските бугари за храброста […]

Зајакнување на поддршката за Украина – ветување од Минхенската конференција


Зајакнување на поддршката за Украина, една година по руската агресија, потребата од заштита на меѓународниот поредок и нормите на кои се темели, ревизија на безбедносната структура, стравувањата за сојуз меѓу Кина и Русија, но и потребата од стабилност во поединечните региони во светот, меѓу кои и Западен Балкан, беа дел од темите на кои се […]

Ковачевски на тркалезна маса за Западен Балкан на Минхенската безбедносна конференција


  Во рамки на Минхенската безбедносна конференција, премиерот Ковачевски учествуваше на затворена панел дискусија посветена на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан. Заедно со други лидери и високи претставници од регионот, претставници на невладината и академската заедница, учесниците разговараа за предизвиците и можностите на евро-интеграцискиот пат, соопштија од Владата.

Ковачевски во Минхен се сретна со Лајен, Шолц, Столтенберг и Пелоси


Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција имаше средби со претседателката на Евроспката комисија Урсула Фон дер Лајен, со германскиот канцелар Олаф Шолц, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со доскорашната претседавачка на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси. – Срдечна средба со претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лејен. […]