Максим Димитриевски: ДУИ аздиса од власт, прави собир во државен објект и доаѓаат со државни коли


Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во вечерашното гостување во емисијата „10 минути“ на телевизија 21 порача дека ДУИ покажува аздисаност од власт и дека граѓаните на следните парламентарни избори треба да го казнат за таквото однесување.

„Во контиунитет се зборува за злоупотреба на државни ресурси. Каде е собирот? Во државен објект. Како дојдоа? Со државни коли“, истакна  Димитриевски.

Тој  потенцираше дека ДУИ владее со државата, а дел од функционерите на СДСМ се нивен привезок.

„Тоа што тие го манифестираат во континуитет апсолутно не е за одобрување, кско тоа што денеска се случуваше, со пеење по кабинети. Јас не плаќам даноци и такси за да вие како мој избраник седите и пеете. Да  пеете доколку граѓаните се среќни, но во Македонија на сите анкети граѓаните не се чувствуваат среќни, а политичарите им пеат“, рече Димитриевски.

Димитриевски го покани Али Ахмети да дојде и да запее во техничкото училиште на албански наставен јазик во паралелките и да ги види условите во кои учат и во техничките паралелки и во СОУ „Сами Фрашери“ и да се реши проблемот, а не проблемот да го решава од избори на избори..