Стаклото на македонскиот клуб е искршено како реакција, вели градоначалникот на Благоевград
Сѐ уште се трага по луѓето кои го искршија стаклото на излогот на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во саботата, дента кога се одбележуваше денот на раѓањето на Гоце Делчев. БНТ јавува дека македонскиот културен клуб работи само еден час неделно, а градоначалникот на Благоевград тврди дека тоа и не е клуб. …