Спасовски: Македонската полиција се однесуваше европски


Фото: Б. Грданоски

 

Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас“, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук.

Министерот упати честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР за реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

„Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев“, напиша Спасовски на Фејсбук.