ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград


Фото: Б. Грданоски

 

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград, соопштија од партијата.

Во соопштението до медиумите од партијата посочуваат дека вандализмот не е добрососедство и не може да биде.

Од оваа партија сметаат дека „негирањето на Македонија, но и на Македонците во соседството е пред се резултат на поданичкиот однос на власта, која го дозволи и мотивира тој однос“.

Тие упатуваат апел и до Бугарија и до меѓународните институции во таа земја, што побрзо да се откријат вандалите, истите да се казнат и да се запре со говорот на омраза против Македонците.