Приведените Бугари без докази тврдат дека биле тепани од полицијата на Деве Баир

Адвокатот на пратеникот Ангел Георгиев тврдеше дека тој имал скршен нос и полн со модринки, но тој се појави на прес-конференција и според видеото не можеа да се видат знаци на насилство


Пратеникот на Преродба, Ангел Георгиев, на денешната прес-конференција

 

Адвокатот тврди дека бил полн со модринки и скршен нос, но днесека еден од тројцата приведени Бугари на Деве Баир, Ангел Георгиев, се појави на прес-конференција, на која од видео инсертите не се гледа дека бил претепан од македонската полиција. Прво, адвокат за Бугарското радио (БНР), чие име не се споменува, изјави дека приведените биле држени шест часа со лисици на рацете и биле тепани.

Во саботата беше одбележани 151 години од раѓањето на Гоце Делчев во ситуација на голема тензија меѓу Македонија и Бугарија. Поради дефект на системот неколку часа беше во прекин влегувањето на Бугарите кои сакаа да дојдат во Скопје, а потоа некои од нив не беа ни пуштени од македонските гранични органи од безбедносни причини. Меѓу нив, наводно, била и новинарска екипа на бТВ со аргумент дека претставува „опасност за јавниот ред, националната безбедност, јавното здравје и меѓународните односи на Македонија“.

„И двајцата беа модри… Георгиев беше јасно со скршен нос. Им реков да одат на лекарски преглед. Окото беше модро, другите двајца немаа многу модринки на лицето… Значи, 300 евра казна за секој ама морале да платат вкупно 1.700 евра. Другиот дел од парите надвор од казната се за судски трошоци. На едниот од приведените му го нема телефонот. Со претседателот на Преродба синоќа плативме вкупно 1.700 евра во полицијата во Крива Паланка“, изјави адвокатот за БНР.

Георгиев, кој е пратеник на партијата Преродба, на прес-конференцијата рече дека почнал да снима, а граничната полиција ги нападнала него, новинарот на „Еуроком“ Адријан Асенов и Петко Русанов. „Нѐ тепаа, удираа со тупаници и клоци надвор од бариерата.. Имам помодреночен капак на левото око, удрен бев и во носот, имам удари на потколеницата. Имаше закани од типот ‘Ќе ве здробиме како кучиња’“, додаде Георгиев.

Според него, парите биле дадени на рака. „Немаме каков било документ, а во Македонија не може да се плаќа во евра. И нашиот адвокат нема документ што се случило со сумата“, рече Георгиев.

Партијата Преродба објави има намера да го предаде предметот до Европскиот суд за човекови права за да иницира состаноци со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и комесарот за проширување, Оливер Вархеи.

Бугарската социјалистичка партија во официјално соопштение ги обвини македонските власти дека биле виновни за зголемувањето на тензиите меѓу двете земји. „Бугарските граѓани намерно беа спречени да ја преминат границата и да му оддадат почит на Гоце Делчев, беше објавена црна листа за забрана за влез на граѓаните на ЕУ во РСМ. Тензиите се подгреваа со недели и тоа се одрази на настаните од 4 февруари“, вели БСП.