Стаклото на македонскиот клуб е искршено како реакција, вели градоначалникот на Благоевград


 

Сѐ уште се трага по луѓето кои го искршија стаклото на излогот на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во саботата, дента кога се одбележуваше денот на раѓањето на Гоце Делчев.

БНТ јавува дека македонскиот културен клуб работи само еден час неделно, а градоначалникот на Благоевград тврди дека тоа и не е клуб.

„Ова е соба, дури не е ни клуб во смисла на клуб. Создаден е со цел да се направи провокација. Мислам дека ова е продавница според податоците од катастарот“, изјави градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов. Тој рече дека кршењето на прозорците на клубот било реакција на на случувањата во македонија во саботата каде македонските политичари воделе антибугарска кампања.

„Вака не се влегува во Европа, а ова не ја претставува Европа“, рече Стојанов за БНТ.

Камерите во околината не се општински, најверојатно надлежните ги гледаат снимките со приватни камери за да ги најдат сторителите.

И општинските советницимислат дека клубот е создаден со цел да провокација, но според нив не треба да се преземаат рестриктивни мерки како ограничување на неговите активности.