Филипче преку видео објаснува зошто се враќа во политиката


  На првиот ден од изборната кампања за претстојните парламентарни избори, д-р Венко Филипче, кој е носител на листата кандидати во Изборна единица 4, во видео објавено на неговата Фејсбук страница одговара зошто се враќа во политиката. Во видеото кое е снимено во неговиот автомобил тој вели дека секогаш ќе биде со пациентите во операциската […]

Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања


Кампањата за Парламентарните избори почнува денеска  со активности на партиите и коалиците за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици. Активности ќе има и за тековната кампања за Претседателските избори која ќе трае уште пет дена.  Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува парламентарната кампања  со настан „Нема откажување […]

„Лажење без усул“: Пендаровски за ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени


  За време на митингот во Гостивар Стево Пендаровски рече дека раководните лица од ВМРО-ДПМНЕ едно им зборуваат на гостите од странство, а друго велат на митинзите и во изјавите. „Во Скопје доаѓа нивниот пријател од Германија, од нивната сестринска партија ЦДУ. Човекот е еден од највлијателните, во врвот е на таа политичка партија, и […]

Мицкоски: Секогаш кога СДСМ е на власт има стратешки грешки


  Во Македонија народот треба да го има последниот збор и да не биде засрамена и ограбена, порача вечерва од митингот во Свети Николе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече: „СДС Без идеја, без план, без стратегија, а единствено нешто кое како папагали повторуваат шест и половина години додека ја ограбуваат Македонија е ЕУ, […]

Јакимовски: Кого лажеш Мицкоски за уставните измени?


  Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска преку Фејсбук го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека лажел за уставните измени, наведувајќи ги зборовите на пратеникот на германската ЦДУ, Петер Бајер, дека уставните измени ќе биле донесени. „Сега и германскиот пратеник Бајер го потврдува она што јас со години ви го велам. Стигна потврдата. […]

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД изгласа предлог закон за борба против корупцијата во Западен Балкан


 Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат изгласа закон што има за цел да ги зголеми трговијата и инвестициите меѓу САД и Западен Балкан, и да се помогне во борбата против корупцијата. Демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Џин Шахин, и сенаторот, Роџер Викер, републиканец, автори на законот што е од 2022 година, го поздравија нејговото […]

ДУИ му порача на Таравари да затвора игри на среќа во Чаир, Меџити бил против Законот


Демократската унија за интеграција преку соопштение до медиумите му порача на претседателскиот кандидат на опозицијата, Арбен Таравари, да затвора игри на среќа во Чаир, како и дека неговиот коалициски партнер Изет Меџити бил против донесување на законот.  Таравари деновиве изјави дека „опозициската коалиција веднаш и целосно ќе го забрани коцкањето во Македонија“. Како што наведува […]

Османи имал информации за инцидентот во Бањска, ќе ги кажел на затворена седница на владата


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека има факти и информации во врска со настаните во Бањска во Косово на 24 септември минатата година и нив ќе ги презентира на затворена седница на Владата со цел, како што рече, да се преиспита и да се одлучи дали државава и натаму треба да остане […]

За да се прошири ЕУ потребен е нов фонд за помош на земји членки – нов извештај во Унијата


  Со оглед на тоа што некои земји-членки и сектори на ЕУ веројатно ќе бидат изложени повеќе од другите во идните рунди на проширување на Европската унија, потребен е нов фонд за да се компензира нерамнотежата, се вели во нацрт-извештајот на поранешниот италијански премиер Енрико Лета, кој го видел „Еурактив“. „Поставувањето јасна насока за интеграција […]

Османи објаснува: Резолуцијата за Сребреница не е против Србија ниту Србите


  По вчерашните реакции на објавата на Бујар Османи дека Македонија е коспонзор на резолуцијата во ОН за маскрот во Сребреница во 1995, министерот за надворешни работи денеска изјави дека тоа не е против Србија, ниту против српскиот народ туку дека е „човечка должност да се осуди геноцид“. Османи учествуваше на расправата за коспонзорството на […]

„Не верувајте им на сејачите на магла“: Порака од Пендаровски до велешани


  Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на синоќешниот митинг во Велес им порача на граѓаните да не им веруваат на „сејачите на политичката магла“ и дека државата мора да продолжи напред по европскиот пат, да не се враќа назад во балканската кал и мочуриште и во времињата на неизвесност. Патот кон ЕУ денес е закочен […]

Битка за специјализантите во кампањата


  За нивните барања изразени на неколкудневните протести расправаше Владата, за нив се зборува на митинзите, за нив се пишуваат објави на социјалните медиуми. Штрајкот на приватните специјализанти обликува дел од изборната кампања. Владата на вчерашната седница заклучи веднаш по изборите да се подготват предлог законски решенија со кои ќе се предвидат севкупните права и […]

Михалис Рокас официјално номиниран за нов евроамбасадор во Скопје


  Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел официјално го номинираше грчкиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската унија во Северна Македонија.   Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година. Претходно, Рокас […]

Во тек кампањата за претседателските избори, утре официјално почнува кампањата за парламентарните избори


На ден пред официјалниот почеток на кампањата за парламентарните избори претставници на партиите денеска ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Ноќеска на полноќ, пак, заврши рокот за пријавување на болни и изнемоштени за гласање на претседателските избори на 24 април. Од утре до 22 април на полноќ кампањите за претседателските избори и за […]

Силјановска бараше кривично да се гонат потписниците од Преспа, а сега зборува за НАТО, изјави Пендаровски


  Стево Пендаровски вечерва за време на собирот во Велес рече дека некои од политичките противници порано зборуваа против Преспанскиот договор, а сега се гордеат што сме членка на НАТО, благодарение на тој договор. „Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што […]

Мицкоски повторно го нападна Пендаровски


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на митингот во Валандово ги повтори старите обвинувања за Стево Пендаровски дека во изминативе пет години како претседател не се среќавал ниту со земјоделци, ниту со пензионери, ниту со млади луѓе. А во исто време на собирите ја напаѓал кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател Гордана Силјановска-Давкова. „Тоа е Стево Пендаровски, […]

МВР треба да достави извештај до Владата за апсењето на новинарот Фуркан Салиу


  Бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу за време на еден натпревар од Третата македонска лига денеска се најде и на седницата на Владата. Таа, на предлог на премиерот Талат Џафери, го задожи Министерството за внатрешни работи да достави комплетна информација што сѐ се случуваше и зошто дојде до апсењето на Салиу, а подоцна и […]

Видео обраќање на Заев: Ако се грижите за Македонија, гласајте за СДСМ и Пендаровски


  Ако се грижите за сопствената македонска земја, ако си го сакате својот народ, ако верувате во европскиот пат на Македонија, ако не сте подготвени да се предадете и откажете од иднината, СДСМ и коалицијата за европска иднина се единствениот избор, бројот 1 е секогаш пред сите, како  што е ЕДЕН и единствен нашиот завет […]

Дали Македонија ризикува да ги влоши односите со Србија?


  Откако министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера изјави дека Македонија е коспонзор на резолуцијата за масакрот во Сребреница и дека на седницата на владата на која ќе се расправа за Отворен Балкан тој ќе предложи излегување на државата од оваа иницијатива има едно едноставно прашање – кој ја води сега надворешната политика. Дали […]

Пендаровски: „И Силјановска призна дека дека историските прашања не се во преговарачката рамка“


  Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчеравечер беше со жителите на општина Гази Баба и истакна дека како актуелен претседател, никогаш не бил затворен за јавноста и дека напротив секој имал можност да види што работи претседателот. „Илјадници луѓе дојдоа во мојот кабинет, се пожалија на проблемите, побараа помош за нивно решавање, не бев затворен, […]