Агенцијата за млади и спорт со ВМРО-ДПМНЕ ќе стане министерство


ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори кои ќе се одржат на 8-ми мај, настапува со сериозна програма насловена како Платформа 1198, со многу мерки и проекти, кои произлегуваат од вас граѓаните, чии потреби и проблеми ги слушавме и анализиравме изминатите години, беше речено денеска во Прилеп. 

ВМРО-ДПМНЕ ќе врати дел од проектите кои ги спроведуваа кога претходно на власт, па пред прилечпачни го најавија „Купи куќа-купи стан“. Овојпат, фокусот им е на младите, па најавија дека ќе ја воспостават и подобрат мерката „Купи куќа за млади“, преку исплаќање на субвенции на месечна рата за изградба на куќа или исплаќање на субвенции за почетно учество при добивање кредит за изградба на куќа.

– Предвидуваме продажба на државно неизградено земјиште по повластена цена по квадратен метар. Ќе поддржиме енергетско ефикасно реновирање на домовите за млади, а врвен приоритет ќе ни биде создавањето на услови за намалување на листата на чекање за прием во детските градинки – рече во Прилеп кандидатот за пратеник Никола Златески.

Додаваде дека во фокусот на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде спортот, грижата за спортските работници и грижата за младите.

– Ќе издвоиме по 1 денар од секој литар наточено дизел гориво кое директно ќе биде наменето за спортот. На годишно ниво со овој износ на средства ќе се обезбеди зголемување на државното инвестирање во спортска инфраструктура, поддршка на професионалниот и масовен спорт, континуирана едукација на наставниот кадар во училиштата и спортските работници и вложување во науката за спорт и младите – ветуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се обврзаа  да изградат национален спортски центар кој ќе опфаќа фудбалски стадион, изградба на голема спортска сала и повеќе помали сали согласно со потребите на колективните и индивидуалните спортови, административен простор за спортски федерации во соодветни капацитети, конференциски сали, фитнес сали и спортски музеј.

За оние деца кои се талентирани, а чии семејства немаат доволно финансиски средства, државата ќе субвенционира месечна членарина во спортските клубови.

Агенцијата за млади и спорт ќе се трансформира и ќе прерасне во посебно министерство за спорт. Во рамки на Министерството се предвидеува посебен сектор за управување со спортска инфраструктура за сите државни спортски објекти да бидат под надлежност на Министерството.
За сите спортисти кои ќе докажат дека во минатото биле професионални спортисти, ќе овозможиме под одредени услови да го откупат стажот за да остварат право на пензија. За оние кои се активни спортисти во овој момент, ќе разгледаме различни модули за уплаќање на надоместоците за пензиско осигурување.

Александар Николоски пак, од Могилата на непопобедените рече дека очекуваат најмногу гласови за ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 4 и најмногу пратеници кои ќе овозможат стабилна влада, влада во која нема да бидат дел ни еден од двата партнери во актуелната влада, ни СДСМ ни ДУИ со цел да можеме да ги реализираме проектите кои ги ветуваме, а за Прилеп се бројни.

„Во делот на инфраструктурата ветуваме завршување во трите фази на експресниот пат Прилеп-Градско до крај на 2026 година, понатаму до крај на мандатот изградба на обиколница околу Прилеп, изградба на автопатско решение Прилеп-Битола граница со Грција. Планираме заживување на железничката пруга помеѓу Прилеп и Битола да се спојат практично двата града преку една брза линија, а понатаму да има редовна линија и помеѓу Прилеп, Битола и Солун со целосна реконструкција на железничката линија. Секако тука е и поддршката за решавање на инфраструктурните проекти во рамки на општината преку средствата кои ќе ги добива општина Прилеп секоја година и кои ќе бидат околу 8 милиони евра годишно. Тука се проектите за пензионерите, зголемување на пензијата за околу 5 илјади денари уште во првата година. Проектите за најмладите каде ќе има директен поврат на средства за родено прво дете некаде околу 30 до 40 илјади денари, за родено второ дете и до 100 илјади денари и за родено трето дете поврат на персонален данок додека детето не наполни 18 години што значи уште една плата да влегува во семејствата. Тука е и проектот купи или изгради куќа каде до половина од трошоците ќе ги покрива државата“, додаде Николоски.

Велат дека овие  проекти ќе ги реализираат само ако заедно на 8-ми мај излезат на галасње во што поголем број.

Повикаа да гласаат за број 2 и да дадат поддршка за пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.