Граѓаните садат – општинските тримерџии косат: Последно настрада млад орев


Жителите на Аеродром, често знаат да засадат дрвца во околните паркови и тревници меѓу зградите, но службите на општината, задолжени за косење не ги гледаат малите дрвца, па ги поткаструваат при косење на високата трева. Последен што настрада е млад орев, кој жителите го засадиле во тревник зад клупа, а го оградиле и со колци. […]

По избодениот ученик во Ченто, Локалниот совет за превенција со насоки за образовните институции


Изолиран случај бил нападот на ученик во Ченто, кој се бори за живот на скопските клиники, а генералната безбедносна состојба во училиштата на територијата на Општина Гази Баба, вклучително и во конкретното училиште, е на високо ниво, заклучил денеска Локалниот совет за превенција во проширен состав, кој одржа седница посветена на состојбите со безбедноста во […]

„Лефти и Рајти во Карпош“ – театарска претстава за децата од градинката „Орце Николов“


Општина Карпош преку програмата за култура го поддржа проектот – театарска претстава за деца „Лефти и Рајти во Карпош“.  Утре, на 15. мај, децата од градинката „Орце Николов“ од Карпош ќе ги проследат новите авантури на Лефти и Рајти кои се на гости во оваа општина. После претставата, децата ќе учат како да диплат и како […]

Дожд со силен ветар – ни чадор нема да ви помогне


Времето утре (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.   Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб […]

ЈП „Комунална хигиена“ однела 200 м3 ѓубре од „Генералка викенд“


И оваа година, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје зема активно учество во масовната акција за чистење „Генералка викенд“, што се одржа на 8 мај. Акцијата започна на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа најразлични видови на непрописно одложен отпад од брегот и пешачките патеки. Воедно, […]

Општина Аеродром бесплатно собира кабаст отпад


Општина Аеродром од 18 мај (понеделник) започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, што ќе трае до средината на јули. Акцијата е продолжение на успешната есенска акција и има за цел почиста и поуредна животна средина за сите!   Во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина […]

Трубарево без вода


Поради изведување на водоводен приклучок, без вода од 10:00 часот ќе бидат корисниците од Трубарево, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Без струја улици во Гази Баба и Ѓорче Петров


Без струја денеска од 8:30 до 12 часот ќе останат корисниците на улицата „Благоја Стефковски“ и дел од Бул. Александар Македонски во општина Гази Баба. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија од 9 до 14 часот ќе останат и дел од корисниците на ул. 95 Волково во […]

Заловеното животно е волк – но без инстинкти и не може да преживее во дивина


Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле. Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на […]

Пролетна дератизација во Аеродром


Деновиве во Општина Аеродром се спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија на општината, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите. Во рамките на акцијата се опфатени околу 3.000 шахти, во кои се поставуваат вкупно 9.000 мамци, а активностите ги опфаќаат и сите […]

Безбеден и организиран пристап до Рамстор Мол за време на реализацијата на новиот градежен проект


Во согласност со планираните развојни активности на нашата компанија,Рамсторе Македонија ДОО, Ве информираме дека започнуваме со реализација на проект за изградба на нов деловно – станбен објект на паркинг просторот на Рамстор Мол кој ќе опфаќа и три подземни нивоа наменети за паркинг простор. Во текот на изведбата на градежните активности, пристапот до трговскиот центар […]

Заловен волк во населбата Козле, бил чуван како домашен миленик


Во населбата Козле синоќа бил забележан волк со синџир и ремче – чуван како домашен миленик, а по интервенција на надлежните служби е заловен и згрижен во Зоолошката градина Скопје.   – По пријава од загрижени граѓани, на местото интервенираше МВР, а веднаш потоа пристигна и стручната служба од ЗОО Скопје и претставници од градот Скопје, […]

Град Скопје со рекордна реализација на инвестиции во првиот квартал – опозицијата ги гледа како нејзини


Во првите месеци од 2026 година, Скопје бележи значителен напредок во реализацијата на капиталните инвестиции, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје. Според податоците што ги презентираше, во првиот квартал се реализирани 335,75 милиони денари, што претставува 18,12% од вкупно планираните средства за 2026 година. До април, реализацијата достигнала 464,45 […]

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности


Во првиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по квадратен метар изнесува 177.667 денари (130.000 евра) за вкупна површина од 45 квадратни метри, кој се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода. За квадратен метар се платени 2.888 евра. Тоа го покажуваат податоците од денеска објавениот извештај од регистарот на цени и закупнини на […]

Центар обезбеди 2 милиони денари за субвенции за возачка дозвола


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите центарци  да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Тој посочи дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства. „Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не […]

Утре почнува Виноскоп 2026


 Од утре, 13 мај, Градскиот парк во Скопје, на локацијата „Школка“, повторно ќе биде центар на добрата енергија, врвното македонско вино, богатата гастрономија и квалитетната музика, со почетокот на јубилејното 15. издание на фестивалот „Виноскоп 2026“. Фестивалот, кој се организира под покровителство на Град Скопје, ќе трае пет дена, до 17 мај 2026 година, и […]

Два булевари и повеќе скопски улици утре без вода


ЈП „Водовод и канализација“ извести дека дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“ утре ќе бидат со прекин во водоснабдувањето, а исто така прекинато водоснабдување ќе имаат и дел од корисниците од општина Чаир. Од таму информираат дека поради промена на затворачи ф 5/4 на булеварот „Партизански Одреди“ бр.48а, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од […]

Возач на приватен автобус ги оставил патниците сред Илинден – „Не го знаел патот за назад“


Несекојдневна ситуација денеска доживеале патниците на приватниот автобус на линијата 63, откако возачот, наместо да ја заврши рутата до Мралино, ги симнал патниците во Илинден и се вратил назад кон Скопје. Настанот се случил околу 13 часот, на линијата од Транспортен центар кон Мралино. Според сведоштвата на патниците, возачот во текот на возењето постојано кажувал […]

Ѓорѓиевски најави заедничка матурска на сите скопски матуранти годинава


За да се поттикне меѓусебната толерантност и да увидат средношколците дека сите се исти, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски најавува годинава сите скопски матуранти да присуствуваат на заедничка матурска прослава. – Како пилот-проект Град Скопје планира да организира заедничка матурска прослава на учениците од сите средни училишта и матурата заедно да ја слават учениците од […]

Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ втори во светот на „FIRST LEGO League“


Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ од Скопје постигнаа историски успех освојувајќи го второто место во светот на престижниот меѓународен натпревар „FIRST LEGO League“, во категоријата роботска игра. Тимот „Осетра“ ја претставуваше Македонија меѓу екипи од 55 држави и повеќе од 1.000 ученици од целиот свет, а со освоени 525 бода успеа да се искачи на самиот […]