Од понеделник, прскање против комарци во Скопје
Град Скопје од понеделник започнува со спроведување на терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на целото подрачје на градот.
Акцијата ќе се реализира од 13 до 16 јули 2026 година, во периодот од 22 часот навечер до 03 часот по полноќ, информираат од Град Скопје.
Надлежните посочуваат дека дезинсекцијата ќе се спроведува со цел намалување на бројот на комарци и подобрување на условите за граѓаните во летниот период.
Доколку временските услови не дозволат реализација на прскањето, активностите ќе бидат презакажани за истиот термин во првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни.
Од Град Скопје упатуваат апел до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите во периодот кога ќе се врши дезинсекцијата.