Асоцијацијата на архитекти бара да се повлече ДУП-от за Мал ринг


Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ остро реагира и бара од Општина Центар да го повлече и преработи Предлог – Детaлниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1, за кој е закажана јавна презентација и јавна анкета на 22.07.2020 година (среда) во 10часот. „Причината заради која бараме да го повлечете предлог-планот …

Асоцијацијата на архитекти бара да се повлече ДУП-от за Мал ринг Read More »

Аеродром близу 200 активни, Чаир е на врвот


Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, во Скопје најмногу заболени има во Чаир 291, Гази Баба 207, а Аеродром има 189, по кои уште Кисела Вода, Центар, Бутел, Карпош Ѓорче Петров, Студеничани и Шуто Оризари имаат над стоо активни случаи од Ковид 19. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките …

Аеродром близу 200 активни, Чаир е на врвот Read More »

Мичурин по неколку децении доби нов урбан парк


  Мичурин по неколку децении доби нов урбан парк, сместен во срцето на оваа населба. Паркот се протега на површина од 3 573 м2 и е проектиран според сите стандарди. „Мичуринци добија урбано место за рекреација за сите генерации“, изјави градоначалникот Златко Марин. Покрај зелените површини паркот има детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано …

Мичурин по неколку децении доби нов урбан парк Read More »

Е.Д.Е.Н. подели близу 700 вегански оброци на загрозени лица во Скопје


Близу 700 вегански оброци во текот на мај и јуни поделија Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. и Веган 365 Кујна на загрозени категории на граѓани на Град Скопје, во рамки на проектот „Промени ја исхраната, промени го светот!“. Како што информира Здружението, овие вегански оброци се поделени на самохрани мајки, стари …

Е.Д.Е.Н. подели близу 700 вегански оброци на загрозени лица во Скопје Read More »

Чаир уште на врвот со заразени, но има и 139 нераспределени


Чаир е скопската општина која предводи по број на заразени со Ковид-19, односно 280, па следуваат Гази Баба со 195 и Аеродром со 167. Карпош и центар имаат по 153 заболени, а над 100 имаат уште и Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Сарај и Студеничани. Сепак, останува забележително дека во Скопје дури 139 заболени не …

Чаир уште на врвот со заразени, но има и 139 нераспределени Read More »

Досега искористени 1.350 субвениции, има уште за 4.000


Во текот на изминатите 15 дена поднесени се 1.350 апликации за субвенции за инвертери, а остануваат средства за уште околу 4.000 барања. Според досегашните бројки, следната зима во Скопје би требало да има околу 1.350 домаќинства кои ќе го сменат начинот на греење, или кажано поинаку, ќе имаме околу 1.350 потенцијални загадувачи помалку од претходната …

Досега искористени 1.350 субвениции, има уште за 4.000 Read More »

Поради дефект, Ново Лисиче без вода


Поради уличен дефект ф 400 мм на Бул. „Србија“ бр.48, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Бул. „Видое Смилевски Бато“ и дел од Бул. „АСНОМ“. Како што информираат од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во снабдувањето со вода ќе трае од 13.30 часот до санирање на дефектот.

Приватна градинка во Скопје си работела во време на пандемија


СВР Скопје – ЕВР Карпош ќе поднесе кривична пријава против Т.И. и Е.Н., двете од Скопје и против приватна детска градина лоцирана во кругот на основно училиште на ул.„Карпошово востание“ во Скопје, поради постоење основи на сомнение „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик. Од Министерството за …

Приватна градинка во Скопје си работела во време на пандемија Read More »

Либерти Скопје: Нашето работење не е причина за загадувањето на Вардар


Либерти АД Скопје денеска соопшти дека нивното работење не е причина за овонеделните објави за загадување на реката Вардар. – Компанијата спроведе сеопфатна ревизија на својата постројка за третман на отпадни води и може да потврди дека непрестајно работи во рамки на сите релевантни параметри, без проблеми. Исто така, прегледани се и редовните мерења кои …

Либерти Скопје: Нашето работење не е причина за загадувањето на Вардар Read More »

„Либерти“ не е загадувачот на Вардар, се бара виновникот


Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека вчера по добиена дојава за загадување на Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база -Бетон, направиле увид на посочената локација. Со непосредниот инспекциски надзор утврдиле дека водата е со црвена боја и веднаш биле земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа …

„Либерти“ не е загадувачот на Вардар, се бара виновникот Read More »

Нова велосипедска патека на Водно


За развој на велосипедскиот туризам и љубителите на планинарскиот велосипедизам, како дел од проектот „Велосипедски парк Водно“, неодамна започна уредивањето на нова планинска велосипедска патека на Водно.    Новата планинска велосипедска патека со вкупна должина од 3.432 метри ќе се протега од полициската станица па се до Средно Водно. Таа е со променлива широчина (најмногу …

Нова велосипедска патека на Водно Read More »

Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата


Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што издвои 2 750 000 денари. Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. Родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат …

Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата Read More »

Инспектори на терен трагаат кој го загади Вардар


Екипите на Инспекторатот на Град Скопје излегоа на терен, откако утрово водата на Вардар стана кафеава. Се испитува кој е виновен за промената на бојата на реката, а ако станува збро за ист загадувач, казните ќе бидат многу поригорозни, најавија од инспекторатот. – Екипите се на терен. Во тек е инспекцискиот надзор. Се земаат мостри …

Инспектори на терен трагаат кој го загади Вардар Read More »

„Лајка“ ќе ги прими првите гости по изборите


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека новиот стационар за вдомување кучиња скитници е готов и ќе биде отворен по изборите. Со стационарот за кучињата скитници ќе раководи новото ЈП „Лајка“. „Додека некои потпишуваат договори и се фалат со тоа, работата веќе е завршена. Отварање после избори!!! Скопје нема да застане …

„Лајка“ ќе ги прими првите гости по изборите Read More »

Стигнаа сите автобуси за ЈСП на гас


Денеска пристигнаа уште седум зглобни и еден единечен екоавтобус, кои Град Скопје ги набави за потребите на ЈСП „Скопје“. „Со ова завршува испораката на вкупно 33 автобуси од набавката. Откако ќе ги поминат сите процедури и овие автобуси ќе бидат пуштени во сообраќај, што очекуваме да се слуи за две недели“, велат од ЈСП „Скопје. …

Стигнаа сите автобуси за ЈСП на гас Read More »

Реконструирана улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел


Со ноќно бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, викендов заврши реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, на потегот од кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ до крстосницата со улица „Бутелска“, во должина од околу 800 метри, соопштија од Град Скопје. Од Град Скопје информираа дека на тој потег од улицата, целосно е отстранет стариот …

Реконструирана улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел Read More »

По една година ќе биде готов мостот што ќе ги поврзува Аеродром и Гази Баба


Градежните активности на новиот мост „АСНОМ“ кој треба да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба се одвиваат според предвиденото темпо и очекувањата се дека до средината на следната година ќе биде заокружен овој проект. Мостот ќе ги поврзува улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром со улицата „Индустриска“ во населбата Ќерамидница во Гази Баба. Вкупната должина …

По една година ќе биде готов мостот што ќе ги поврзува Аеродром и Гази Баба Read More »

Новите автобуси на гас пуштени во сообраќај


Новите автобуси на гас кои ги купи Град Скопје од утрово се пуштени во сообраќај од страна на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Станува збор за првите 25 од 33-те нови автобуси кои пристигнаа во Скопје на крајот од мај. Од нив 20 се стандардни, а пет се зглобни. Станува збор за автобуси на гас, за …

Новите автобуси на гас пуштени во сообраќај Read More »

Паѓа бројот на заболени во Чаир


  Неколку дена по ред има висок број оздравени пациенти од Ковид-19, а тоа се покажува и бројот на активни случаи во Чаир, скопската општина која имаше најмногу заболени од корона вирус. Денеска во Чаир има 360 активни случаи, а деновите претходно бројот на активни случаи таму надминуваше и 400. Според податоците на Институтот за …

Паѓа бројот на заболени во Чаир Read More »

Три дена ќе се собира кабаст отпад во општина Аеродром


Почнувајќи од утре, петок, 10 јули, па во наредните три дена, на територијата на Општина Аеродром ќе бидат поставени контејнери за собирање кабаст отпад на три локации: – на бул. „Февруарски поход“во близина на супермаркетот „Рамстор“ – во Ново Лисиче на бул. АСНОМ меѓу бр. 42 и 44 – кај стара Стела во Аеродром. Граѓаните …

Три дена ќе се собира кабаст отпад во општина Аеродром Read More »