Чаир уште на врвот со заразени, но има и 139 нераспределени


Фото: Б. Грданоски

Чаир е скопската општина која предводи по број на заразени со Ковид-19, односно 280, па следуваат Гази Баба со 195 и Аеродром со 167. Карпош и центар имаат по 153 заболени, а над 100 имаат уште и Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Сарај и Студеничани.

Сепак, останува забележително дека во Скопје дури 139 заболени не се распределени по општини, така што сликата може да е потполно поинаква.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 280
• Аеродром – 167
• Бутел – 132
• Гази Баба – 195
• Центар – 153
• Карпош – 153
• Сарај – 108
• Кисела Вода – 124
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 105
• Шуто Оризари – 97
• Арачиново – 30
• Илинден – 20
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 18
• Зелениково- 12
• Странец – 7
• Нераспределен- 139