Поради дефект, Ново Лисиче без вода


Поради уличен дефект ф 400 мм на Бул. „Србија“ бр.48, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Бул. „Видое Смилевски Бато“ и дел од Бул. „АСНОМ“.

Како што информираат од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во снабдувањето со вода ќе трае од 13.30 часот до санирање на дефектот.