Бутикот „Шејн“ во центарот на Скопје ќе треба да си ја собере терасата


Градежен инспектор на Општина Центар издаде решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица „Македонија“ да ја отстрани истата и да го врати локалот во првобитна состојба, информира Општина Центар. Станува збор за бутикот „Шејн“ кој има доградба на локал на улица „Македонија на парцела која е земјиште во сопственост […]

Tројца вработени во ЈСП си присвоиле 500.000 евра од дневниот промет


 Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против три лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „затајување“, информираат од Министерството за финансии. – Во период од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења […]

Се истражува загаденоста на Пеленица, според прелиминарните резултати линданот е присутен во почвата


  Со години се зборува дека освен во малата и големата депонија во ОХИС, каде е закопана огромна количина на линдан, истиот е присутен и на локацијата Пеленица, во населба Драчево. Од таа причина Министерството за животна средина и просторно планирање одлучи да одвои околу три милиони денари со цел да се направи истражување за […]

Недела на италијанската кујна


  Неделата на италијанската кујна во светот, ќе биде одбележана и во земјава од денеска до 13 ноември. Целта е да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност. Годинашното издание на Неделата на италијанската кујна започнува денеска со гала вечера во ресторанот BELLA VISTA […]

МВР: Лажни се пријавите за бомби во девет училишта


Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно […]

Град Скопје уверува дека линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат


Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено и покрај раскинатиот договор со приватниот превозник „Макекспрес“, кој во изминативе години ги опслужуваше посочените линии. Возниот ред, трасите и постојките на линиите остануваат исти, единствено наместо возила на приватниот превозник, петте линии ќе ги опслужуваат возила и возачи на ЈСП Скопје. Договорот со […]

Нови дојави за бомби во четири училишта во Скопје


 Нови дојави за поставени бомби денеска има во две училишта во Скопје. Според информации на МИА, едно од училиштата е гимназијата „Јосип Броз Тито“. Како што дознава „Независен“, дојава за бомба има и во средното училиште „Владо Тасевски“, во скопски Аеродром. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на […]

Без вода дел од корисниците на две улици во Капиштец и Тафталиџе


  Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на улиците „Козара“ во Капиштец и „Варшавска“ во Тафталиџе, информираат од „ЈП Водовод и Канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето во населбата Капиштец е поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 80 милиметри на улица „Козара“ 21 и ќе трае од 9 часот, па до санирање […]

Без струја повеќе улици во Ѓорче Петров и дел од Бунарџик


  Без струја денеска ќе бидат повеќе улици во Ѓорче Петров и село Бунарџик во Општина Илинден, информираат од Центарот за управување со кризи. Според известувањето од „ЕВН Македонија“ АД во Ѓорче Петров од 9 до 09:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Лесновска“, од 9 до 14 часот, корисниците од […]

Утре без вода дел од Општина Карпош


Известување за прекини во водоснабдувањето. Од ЈП „Водовод и канализација“ добивме известување дека на ден 09.11.2022 година (среда) поради дефект во шахта на ул. „Варшавска“ бр.7, во периодот од 10.00 до 12.00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. „Варшавска“ бр.5, 7 и 9. (Општина Карпош)

Општина Карпош започна со селекција и рециклирање на отпад


Општина Карпош информира за применување соодветна стратегија за поздрава еколошка средина. Имено, од Општината потенцираат дека одржувањето на здравата животна средина претставува една од главните цели за кои се залага Општина Карпош. -Во таа насока, локалната самоуправа презема низа активности, мерки и применува соодветна методологија за третирање на отпадот. Притоа, општината започна со процесот на […]

Раскинат договорот со приватниот превозник „Макекспрес“, ЈСП ги презема линиите


Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје, денеска го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“, а линиите на кои сообраќаа приватните автобуси, отсега ќе бидат заменети со автобуси на ЈСП Скопје со што транспортот на патници ќе продолжи непречено, соопштија од Град Скопје. Причина за раскинувањето на договорот со приватниот превозник „Макекспрес“ е непочитување на обврските […]

Арсовска бара оставка од Славески


Градоначалничката на Град Скопје Далена Арсовска, денеска побара неотповиклива оставка на претседателот на Советот Трајко Славески, а воедно поднесе и итна претставка до Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локалната самоуправа. „Во ниту еден случај, Советот не смее да биде оставен во рацете на човек кој нема основни морални и етички прерогативи. Невидено и […]

Деспот, тиранин, Хитлер – така го нарече Арсовска Славески


  По паузата од 15 минути во Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска излезе на говорница да одговара на советничките прашања, но претседателот на Советот, Трајко Славески ја повика да седне до него за да може да се слушнат одговорите. Но, момче од службите на Арсовска ѝ донесе преносни слушалки и микрофон, по што […]

Утре без вода делови на Центар


Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре (вторник), поради санирање дефект на приклучок на цевка од ф2 на улицата „Тетовска“ бр. 38, прекинато водоснабдување имаат корисниците на следните улици: „Тетовска“, „Стив Наумов“, „Свештарот“, дел од булеватот „Кочо Рацин“, Полициската станица Пролет, амбулантата „Пролет“, градинката и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од […]

Без струја објекти околу Реонскиот центар во Аеродром и делови од Илинден, Јурумлери и Сопиште


  Поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисници околу Реонскиот центар во Аеродром, во населбата Илинден и во селата Јурумлери и Сопиште, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје. Според информациите што центарот ги добил од ЕВН од 09 до 14 часот без струја ќе […]

Мандатот на Арсовска низ фотографии: Главните проекти стојат како пред една година


  Една година од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска, која во својата кампања најавуваше дека главниот град ќе го претвори во „модерно Скопје“, прошетавме низ улиците да провериме до каде е реализацијата на замислата. На некои проекти се работи, повеќето стојат во место, а некои не се ни почнати. Ако тргнете од Општина Аеродром, се […]

Започнува реконструкција на 36 мостови низ Скопје


Град Скопје соопшти денеска дека во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта отпочнува со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје. „Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходна е реконструкција на коловозот, тротоарите и оградите, […]

Еко свест: Јавното здравје мора да биде дел од носењето одлуки во енергетската криза


Последните објавени информации кои се однесуваат на одлуката на АД ЕСМ за тестирање на нови мотори со дизел гориво во топланите Исток и Запад во Скопје по 15 ноември се несериозни и непотребни во услови кога природниот гас е опција како енергенс за овие топлани, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животна средина […]

Општински обврзници и економски зони – што најави Мицкоски за финансирањето на општините


Општините кои што се под водство на градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ ќе издаваат општински обврзниц со кои ќе бараат нови извори на средства за нивно финансирање, најави денес лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Обврзниците ќе може да ги купуваат граѓаните и фирмите, а каматата ќе биде неколкукратно повисока во однос на онаа […]