Се одржа првиот „Ласер Ран“ во Македонија


Основното училиште „Лазо Ангеловски” заедно со Општина Аеродром беа домаќини на првиот „Ласер Ран“ настан во Македонија, кој ќе се одржа денеска во Спортскиот центар „Марко Божиновски“.

На настанот учествуваа 150 ученици од училиштето, на возраст од 9 до 14 години, кои се натпреваруваа во трчање и ласерско пукање.

Ова е прв настан во нашата држава што вклучува ваква комбинација на спортови, кои се дел од модерниот пентатлон. Оваа атлетска дисциплина која постои уште од античко време и е основа на Олимписките игри, денес опфаќа пет спорта – трчање, пукање, пливање, мечување и јавање.

Најмладите аеродромци имаа можност преку фер игра да се натпреваруваат и да ги испробаат дел од спортовите што ги опфаќа пентатлонот. Учесните кои присуствуваа на денешниот настан се натпреваруваа во комбинација на ласерско пукање и трчање при што покажаа импресивни резултати.