(Видео) Блокадата на Скопје од приватните превозници може да се прошири и на други крстосници


Приватните автобуски превозници денеска од шест часот наутро повторно поставија блокади на неколку главни точки во главниот град, а за следните денови најавија блокада, која може да се прошири и на други крстосници.

Проследете ја изјавата на Ленин Јовановски од „Слобода превоз“:

„Изразувам жалење што денеска приватните превозници, по неколку обиди да се договорат до градоначалничката мораа на ваков начин да го искажат својот револт и да ги истакнат проблемите.

Приватните превозници, со неодговорниот однос кон нив на градоначалничката ја гуабт совјата работа и не им е исплатен долгот. Со тоа, систематски се нарушува и јавниот интерес. Не се работи само за долгот, ниту за приватно побарување што се решава преку тужби, но тоа е предизвикано со едно уличарско однесување. Да ви даде некој јавна функција и да созададете таков долг и да кажете тужете ме… Сето воа требаше да биде почнато и завршено во друга постапна, но незнаење, суета, паника и кога некој ќе се дограби до функција, специфична како градоначалник, не смееме да дозволиме такво однесување. Не се работи за приватна бавча на градоначалничката, па да се грижи за неа како сака“, вели Ленин Јовановски од „Слобода превоз.

Смета дека градоначалничката  е должна да работи за јавниот интерес и според насоките од Советот на Град Скопје и дека системски се наруши јавниот интерес. 

Јовановски објасни дека најавеното од градоначалничката дека оваа недела ќе има јавен оглас, а на него да се пријават чесните превозници (што тој не знае како ќе ги бира)  еспротивно на Законот и одлуката на Совет на Град Скопје.

„Она што го имаме како информација од Координативното тело на приватниот превоз блокадите ќе останат додека не се најде решение. На сите три крстосници, а може да има и проширување за да го свртат вниманието кон себе“, вели Јовановски.

Посакува, со  оглед на тоа што многумина се засегнати со вакниот начин на протестирање, сите  институции да се вклучат за да се реши проблемот.

„Договорот беше раскинат со „Макекспрес“, а денеска  примивме известување и за „Слобода превоз“ дека е раскинат договорот“, додаде Јовановски.

На прашање зошто се одлучија на ваква форма на протест, која ги спречува граѓаните, кои се недолжни, да стигнат до работа, Јовановски вели дека формите кои беа применети во изминатиот период каде градоначалничката не сакаше да седне и да ги прими приватните превозници, а сите тие методи се исцрпени.

„Демократското право на превозниците на протест е дозволено. Ние сакаме граѓаните да изреагираат и да го посочат вистинскиот човек кој е виновен за оваа состојба“, вели Јовановски.

Денеска, покрај тоа што граѓаните не можеа навреме да стигнат на работа, и дел од тезгите на Зелениот пазар останаа празни. Веројатно, пазарџиите не можеле да достават стока, со оглед на тоа што блокирана беше крстосницата кај Црвениот крст. Повеќето автобуси на ЈСП пак, возеа со изменети траси, па така, по крстосницата кај „Веро-Џамбо“, автобусите вртеа кон ГТЦ, па пред Министерството за надворешни работи, под стоковна куќа „Мост“, од кај Соборниот храм, кон „Партизанска“ или кон Државна клиника. Делницата од Железничката станица, до ГТЦ беше преполна со автомобили и автобуси, а се поминуваше за околу 45 минути. 

Проблемот со приватните превозници настана кога тие се пожалија оти Градот не им исплатил за поминатите километрки околу 2 милиони евра и не можат да исплатат плати. 

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска потоа ги обвини јавните превозници од „Слобода превоз“ дека во изминатите пет години немаат пријавено ниту еден продаден билет во автобусите кои возат за двете здруженија, а истовремено од Јавното сообраќајно претпријатие ги наплаќале фактурите за извозените километри за сума од едно евро по километар. Тие ги отфрлија ваквите обвинувања како неточни.