Засаден овошниот парк во Гази Баба


Во општина Гази Баба денес се оформи првиот овошен парк со засадување на 75 овошни сертифицирани садници, информираше градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски.

-Во рамките на платформата Take green actions и спроведување на кампањата Зелен лист Воздух чист, во соработка со Факултетот за земјоделски науки, храна-Скопје и компанијата ДС Смит-Скопје го оформивме овој парк. Во наредниот период активностите за формирање на овошни паркови ќе се прошири и во други делови на општина Гази Баба и предвидени се активности за формирање на овошни паркови во основните училишта и градинките – истакна Стефковски.

Со формирањето на урбаните овошни паркови од една страна, како што вели Стефковски, се дава поддршка на предизвикот на ФАО „Свет без глад до 2030 година“, и од друга страна, се созадаваат нови зелени површини и се придонесува кон зачувување на животната средина, потенцираше градоначалникот.