Поради скината цевка населбата Бутел без вода


 Поради скината цевка од страна на фирма на улица „Бутелска“ бб до Општината Бутел, прекин во водоснабдувањето попладнево имаат корисниците од населба Бутел. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 17:30 часот и ќе трае до санирање на дефектот. 

Арсовска се заканува со автобуси на ЈСП пред Влада и пред институции


Јавниот превоз во Скопје е под неколкудневни закани. Најпрво синдикатот излезе со предупредување дека доколку не им се исплати септемвриската плата, нема да возат по скопските улици. Но, откако од градот најавија дека деновиве ќе биде исплатена платата, штрајкот беше откажан.  Сепак, денеска најпрво генералниот секретар на Градот, Зоран Глигоров, со поддршка од новиот директор […]

Се пробива улица од „Партизанска“ до Дебар маало


По цели 20 години се пробива крак на улицата „Партизанска“ во Дебар Маало преку новопроектирана улица со што граѓаните на тој потег ќе може непречено да стигнуваат до своите домови. Согласно правосилното Одобрение за градба УП1 бр.27-238 од 03.08.2022 година издадено од Општина Центар, се спроведува градежна активност во реонот, согласно ДУП за Дебар Маало […]

ЈСП утре ќе протестира, граѓаните ќе останат без превоз


ЈСП „Скопје“ утре во 12 часот ќе протестира пред Владата поради нередовна исплата на јавниот долг од страна на централната власт но и од страна на општините за превозот кој го врши претпријатието на учениците и на студентите. Поради ваквата одлука на Град Скопје и на ЈСП „Скопје“ се доведува во прашање нормалното функционирање на […]

Волонтерскиот центар Скопје ќе чисти низ градските општини


Волонтерскиот центар Скопје денеска ја организира првата екоакција и тоа во Кисела Вода. Ќе се чисти во паркот „11 Октомври“ покрај трим патеката. -Ќе се рашириме низ паркот и патеката за џогирање за да го ослободиме местото од ѓубре. Ќе имаме кеси, ракавици, вода и овошје за сите вредни волонтери. Погрижете се да дојдете со […]

Се бара решение за новите договори за парно, греењето за граѓаните не е загрозено


  Граѓаните корисници на централно греење во Скопје ќе мора да склучат нови договори за оваа услуга со новиот снабдувач, ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, но се бараат начини како да се поедностави постапката, информираа денес надлежните. Граѓаните реагираа на информацијата дека околу 60 илјади корисници ќе мора да одат лично на трите предвидени […]

Дел од Карпош утре, а дел од Студеничани задутре ќе останат без вода


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека: На ден 18.10.2022 година (вторник), поради поврзување на нова и стопирање на стара водоводна мрежа на ул. Букурешка 103, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од: ул. […]

ЈСП нема да штрајкува утре, од раководството им било ветено дека платата ќе им биде исплатена


Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП денеска попладнево на состанок одлучи утре вработените да не ја прекинуваат работата, со оглед на тоа што им било ветено дека ќе им биде исплатена заостанатата плата. Но, велат од Синдикатот, доколку платата не биде исплатена во текот на утрешниот ден, во среда ќе организираат протест и ќе ја […]

Синдикатите во ЈСП ќе одлучуваат за прекин на работата


Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП денеска попладне на состанок ќе одлучува дали ќе ја реализира најавата за прекин на работата, откако во меѓувреме од ЈСП Скопје соопштија дека ќе ја исплатат заостанатата плата во наредните два дена. Претседателот на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија (СРСВМ) Миќо Стојановски, за МИА […]

Студентите на Архитектонскиот факултет ќе осмислуваат административна зграда за Општина Центар


Продолжува соработката помеѓу вработените од Секторот за урбанизам при Општина Центар и наставниот кадар од предметот Архитектонско студио 5.2, под водство на Проф. Д-р Анета Христова – Поповска,  Вонр. проф. Д-р Михајло Зиноски и Доц. Д-р Мери Батакоја. Согласно Студиската програма, студентите се обучуваат за практична примена на знаењата од архитектонско проектирање на специфичните објекти […]

Скопјани нема да останат без јавен превоз, возачите ќе добијат плата


По најавите од Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје, дека возачите и тие во одржување ќе штрајкуваат доколку не ја земат септемвриската плата, од претпријатието уверуваат дека во следните  денови ќе ја добијат заслужената плата. Нема да дозволиме скопјани да останат без јавен превоз. Веруваме дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат […]

Одложување на обврските сигнал за психички проблем- отворен разговор на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“


  За подигнување на свеста за значењето на менталното здравје, „Ротари Клуб СкопјеИнтернационал“,продолжува со серијата отворени разговори насловени „Криза на менталното здравје, знаеме ли што ни се случува? Пандемија во пандемија.“ Тема на утрешниот отворен настан е исклучително актуелна тема „Прокрастринација – современ крадец на времето“. Прокрастринацијата или одложување на обврските, честопати е сигнал за […]

ЕСМ се дообјаснува за потпишувањето нови договори за парното


Новиот снабдувач со топлинска енергија на градот Скопје, ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, како носител на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика има обврска да ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија во согласност со Лиценцата, Законот за енергетика и актите кои ги носи Регулаторната комисија за енергетика. Заради регулирање на потрошувачкиот однос на […]

Над 100 прегледи на деца за едно дежурство во болницата „Козле“


Приливот на пациенти во детската болница „Козле“ енормно расте. Над 100 е бројката на деца кои доаѓаат на преглед само на дежурство, а во абота и недела бројот е зголемен. Номнетално во болницата лежат 86 мајки и деца заедно, од кои само едно дете е заразено од Ковид.   Кашлање, пораст на температура, секреција од нос, […]

Муцунски се фали, за една година имал повеќе проекти отколку СДСМ за четири


За помалку од една година мандат, одбележан со светска и домашна енергетска и економска криза, жителите на Аеродром се уверија дека Општината може да функционира подобро, а дадените ветувања да се остварат.Во овие неполни 365 дена, аеродромци забележуваат огромна разлика во начинот на кој функционира општината, а инвестициите и проектите што се спроведуваат се видливи […]

(Фотогалерија) Адреналинска трка во Скопје


На терените на парк-шумата Гази Баба се одржа адреналинска трка организирана од ОЦР-Скопје. Настанот претставува спортско-рекреативно натпреварување во кое учесниците треба пеш да совладаат 10 километри низ шумска патека исполнета со пешадиски пречки, кои ќе треба да ги совладаат како контролни точки. Пешадиските пречки претставуваат баланс-греда, качување по јаже, прескокнување преку дрвен ѕид, носење товар […]

Топланите и дистрибутивната мрежа се 100-процентно функционални


Топланите и дистрибутивната мрежа се 100 отсто функционални, односно кај нив не се евидентирани никакви дефекти, изјави денеска помошник директорката за производство од АД ЕСМ Александра Маројевиќ. Таа појасни дека секој почетокот на грејната сезона е период кога се јавуваат многу дефекти во потстаниците, како и кај внатрешните инсталации во домовите на потрошувачите. Во  текот […]

Од утре корисниците на парно греење во Скопје ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ


 Од утре корисниците на централното греење ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје, информира денеска помошник директорката за производство од АД ЕСМ, Александра Маројевиќ. -Корисниците на централното греење на нашиот систем од утре се повикуваат да се обратат до пунктовите кои се на исто место за да почне регулирањето на нашите […]

Кисела Вода ќе добие модерен затворен пазар


Фирмата чија понуда беше избрана како најповолна започна да го гради модерниот затворен пазар во општина Кисела Вода, на местото од некогашниот див пазар кој тука функционираше во субстандардни услови, без водоводна и санитарна инфраструктура. Како што велат од Општина Кисела Вода, се работи за современо здание со површина од 250 квадратни метри. – Инфраструктурно […]

Директорот на АД ЕСМ во увид на топлинските капацитети пред стартот на грејната сезона


  Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски изврши увид во системот за обезбедување топлинска енергија за градот Скопје, пред утрешниот почеток на грејната сезона. Ковачевски, како што информираат од АД ЕСМ, ја посети топланата Исток, производен капацитет кој произведува 70 проценти од топлинската енергија за потрошувачите во градот Скопје, и која заедно со топлана […]