Дојави за бомби во девет скопски училишта и во НБРМ, во тек е евакуација

И во Народната банка исто така, денеска,т било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа.


Од проверката на „Јосип Броз“ - Фото: Б. Грданоски

Денеска на електронските пошти на девет средни училишта во Скопје, повторно е пристигната дојава за бомба, а во тек е евакуација на учениците. За прв пат, има дојава за поставена бомба и во Народната банка.

Како што соопшти МВР, денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување.

Дојавите за бомби ги празнат училиштата подолго време. Засега МВР поднесе кривична пријава само за еден малолетник, кој испратил заканувачка електронска пошта во четири училишта, а другите случаи на се расчистени. 

Претходните денови, покрај во Скопје, дојави беа примени и во училишта во Крива Паланка и во Кавадарци.

И во Народната банка исто така, денеска, околу 10.10 часот било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа.

Од МВР нагласуваат дека веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.