Топланите во Скопје смеат да загреваат само со гас, МЖСПП не дозволува греење на дизел


Министерот за животна средина изјави дека за да можат да употребуваат друго гориво, скопските топлани Исток и Запад задолжително мора да поднесат барање за нивната дозвола да се измени. Според дозволата што тие сега ја поседуваат, смеат да употребуваат единствено гас за да произведуваат топлинска енергија. Процедурата за измена на дозволата трае исто како и […]

„Анима мунди“ бара Советот на град Скопје да одобри пари за ЈП „Лајка“


Проблемот со прекубројноста на бездомните кучиња да биде тргнат од маргините – повикуваме Советот на Град Скопје да одобри неповратна финансиска помош за ЈП Лајка, бараат од „Анима мунди“. Соопштението го пренесуваме во целост: Бездомните кучиња и нивениот третман не се само проблем од етичка природа, туку реалност која секојдневно влијае врз севкупниот живот на […]

Денешните пријави за бомби се лажни, утврди МВР по направените проверки на терен


Министерството за внатрешни работи информира дека денешните пријави за бомби се лажни. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението од МВР. На електронската […]

ССМ: Претседателот на синдикатот на „Водовод“ избркан од работа


Сојузот на синдикати на Македонија денеска објави дека претседателот на синдикалната организација на „Водовод и канализација“ Стојанче Кашински добил отказ од страна на в.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски. Од ССМ, ваквата постапка на в.д. директорот ја оценуваат како спротивна на закон и на колективниот договор. – Согласно Закон и колективен договор на претседателот на […]

Нови дојави за бомби во четири училишта


На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава повторно е упатена закана за поставена бомба. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.  „Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на адреса на четири училишта во Скопје е […]

Бутикот „Шејн“ во центарот на Скопје ќе треба да си ја собере терасата


Градежен инспектор на Општина Центар издаде решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица „Македонија“ да ја отстрани истата и да го врати локалот во првобитна состојба, информира Општина Центар. Станува збор за бутикот „Шејн“ кој има доградба на локал на улица „Македонија на парцела која е земјиште во сопственост […]

Tројца вработени во ЈСП си присвоиле 500.000 евра од дневниот промет


 Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против три лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „затајување“, информираат од Министерството за финансии. – Во период од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења […]

Се истражува загаденоста на Пеленица, според прелиминарните резултати линданот е присутен во почвата


  Со години се зборува дека освен во малата и големата депонија во ОХИС, каде е закопана огромна количина на линдан, истиот е присутен и на локацијата Пеленица, во населба Драчево. Од таа причина Министерството за животна средина и просторно планирање одлучи да одвои околу три милиони денари со цел да се направи истражување за […]

Недела на италијанската кујна


  Неделата на италијанската кујна во светот, ќе биде одбележана и во земјава од денеска до 13 ноември. Целта е да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност. Годинашното издание на Неделата на италијанската кујна започнува денеска со гала вечера во ресторанот BELLA VISTA […]

МВР: Лажни се пријавите за бомби во девет училишта


Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно […]

Град Скопје уверува дека линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат


Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено и покрај раскинатиот договор со приватниот превозник „Макекспрес“, кој во изминативе години ги опслужуваше посочените линии. Возниот ред, трасите и постојките на линиите остануваат исти, единствено наместо возила на приватниот превозник, петте линии ќе ги опслужуваат возила и возачи на ЈСП Скопје. Договорот со […]

Нови дојави за бомби во четири училишта во Скопје


 Нови дојави за поставени бомби денеска има во две училишта во Скопје. Според информации на МИА, едно од училиштата е гимназијата „Јосип Броз Тито“. Како што дознава „Независен“, дојава за бомба има и во средното училиште „Владо Тасевски“, во скопски Аеродром. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на […]

Без вода дел од корисниците на две улици во Капиштец и Тафталиџе


  Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на улиците „Козара“ во Капиштец и „Варшавска“ во Тафталиџе, информираат од „ЈП Водовод и Канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето во населбата Капиштец е поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 80 милиметри на улица „Козара“ 21 и ќе трае од 9 часот, па до санирање […]

Без струја повеќе улици во Ѓорче Петров и дел од Бунарџик


  Без струја денеска ќе бидат повеќе улици во Ѓорче Петров и село Бунарџик во Општина Илинден, информираат од Центарот за управување со кризи. Според известувањето од „ЕВН Македонија“ АД во Ѓорче Петров од 9 до 09:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Лесновска“, од 9 до 14 часот, корисниците од […]

Утре без вода дел од Општина Карпош


Известување за прекини во водоснабдувањето. Од ЈП „Водовод и канализација“ добивме известување дека на ден 09.11.2022 година (среда) поради дефект во шахта на ул. „Варшавска“ бр.7, во периодот од 10.00 до 12.00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. „Варшавска“ бр.5, 7 и 9. (Општина Карпош)

Општина Карпош започна со селекција и рециклирање на отпад


Општина Карпош информира за применување соодветна стратегија за поздрава еколошка средина. Имено, од Општината потенцираат дека одржувањето на здравата животна средина претставува една од главните цели за кои се залага Општина Карпош. -Во таа насока, локалната самоуправа презема низа активности, мерки и применува соодветна методологија за третирање на отпадот. Притоа, општината започна со процесот на […]

Раскинат договорот со приватниот превозник „Макекспрес“, ЈСП ги презема линиите


Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје, денеска го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“, а линиите на кои сообраќаа приватните автобуси, отсега ќе бидат заменети со автобуси на ЈСП Скопје со што транспортот на патници ќе продолжи непречено, соопштија од Град Скопје. Причина за раскинувањето на договорот со приватниот превозник „Макекспрес“ е непочитување на обврските […]

Арсовска бара оставка од Славески


Градоначалничката на Град Скопје Далена Арсовска, денеска побара неотповиклива оставка на претседателот на Советот Трајко Славески, а воедно поднесе и итна претставка до Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локалната самоуправа. „Во ниту еден случај, Советот не смее да биде оставен во рацете на човек кој нема основни морални и етички прерогативи. Невидено и […]

Деспот, тиранин, Хитлер – така го нарече Арсовска Славески


  По паузата од 15 минути во Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска излезе на говорница да одговара на советничките прашања, но претседателот на Советот, Трајко Славески ја повика да седне до него за да може да се слушнат одговорите. Но, момче од службите на Арсовска ѝ донесе преносни слушалки и микрофон, по што […]

Утре без вода делови на Центар


Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре (вторник), поради санирање дефект на приклучок на цевка од ф2 на улицата „Тетовска“ бр. 38, прекинато водоснабдување имаат корисниците на следните улици: „Тетовска“, „Стив Наумов“, „Свештарот“, дел од булеватот „Кочо Рацин“, Полициската станица Пролет, амбулантата „Пролет“, градинката и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од […]