Без вода дел од Центар и Ѓорче Петров


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје  известува дека денеска, од 10:00 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата „8-ма Ударна Бригада“ во општина Центар, а од 17:00 часот, дел од улица „Алексо Демниевски“ во Ѓорче Петров.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок Ф 100мм. на улица „Максим Горки“ 7.

Корисниците ќе бидат без вода од 10:00 часот до завршување на приклучокот.

Поради дефект на подземен ППХ Ф80мм. на улица „Алексо Демниевски“ крак 25, во општина Ѓорче Петров, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на таа улица, односно краковите 25,27 и 29.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 17:00 часот до завршување на дефектот.