И ова утро дојави за бомби во училиштата во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Евакуација на учениците и на персоналот се врши во скопското средно училиште „Владо Тасевски“, откако утрово повторно, по кој знае кој пат, добиле дојава за поставена експлозивна направа во објектот. 

Вчера, пак, во ова училиште не стигна ваква дојава, иако имаше во други училишта, но и во институции, меѓу кои и председателската палата, музeи, хотели, станбени згради, трговски центри, Транспортниот ценар и други.

Сите дојави се покажаа лажни.

Веројатно и други училишта добиле дојава утрово, но од полицијата најавуваат информација за подоцна.