Тројца каснати од кучиња


Фото: Б. Грданоски

Три лица вчера пријавиле во полиција дека биле каснати од улични кучиња.

Најпрво во 12.40 часот во Полициската станица Центар, Н.П.Г.(35) од Скопје пријавила дека во населбата Маџир маало била касната од куче скитник.

Потоа во 16.30 часот во Полициската станица Аеродром, Л.К.(61) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.

Последниот случај е регистриран во 20.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, кога Ф.С.(45) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник.